„Ти благодарам, што Ти стана за мене ден невечерен и сонце незаодно –
Ти, Кој немаш каде да се скриеш, и Кој сè одеднаш исполнуваш со Твојата слава.
Та Ти никогаш од никого не си се криел,
туку ние, не сакајќи да доаѓаме кон Тебе, самите се криеме од Тебе.
Па и каде да се сокриеш Ти, Кој никаде немаш место за успокојување?
Или зошто би се сокрил Ти, Кој од никого не се одвраќаш крајно, од никого не се гнасиш?
И така, всели се во мене сега, Владико, и живеј и пребивај во мене, Твојот слуга, Благи, неразделно и неразлучно до смртта, та и јас при мојот исход и по мојот исход во Тебе да бидам, Благи, и да соцарствувам со Тебе – Бога, Кој е над сите.“
Свети Симеон Нов Богослов