Човекот е незаштитен, како вдовицата, но и тој треба да принесе жртва.
Лептите што се принесуваат треба да бидат токму две, како што биле и двата динарија што Добриот Самарјанин му ги дал на гостилничарот (сп. Лк. 10, 35).
Во приказната имаме два динарија – Стариот и Новиот Завет од кои човекот може да вади и да го лечи пребиениот човек (Адам) во гостилницата (Црквата) додека Господ не дојде.
А двете лепти во жртвата на вдовицата се знак на нашето двоединство.
По една лепта треба да принесеме на жртва и од душата, и од телото, т.е. и од внатрешниот, сокриен човек, и од надворешниот.
Од телото – воздржување од храна.
Од душата – гладување со очите, мирување на јазикот, затворениот слух.
Втората лепта е дури и поважна од првата.
Живееме во информациско време.
И кој не јаде колбаси, но умот го пушта на телевизиска или компјутерска промаја, сомнително пости.
Ваквата промаја ќе му ја „издува главата“ додека не добие духовен менингитис, и додека не му биде потребно носење во болница.
Но, потребна ни е слободата, и тоа пред сè – внатрешната, потребна ни е лесноста од помислите и чистота на намерите.
Прозорите од душевната куќа треба да се затворат така што во неа нема да се слушаат повиците и вревата од улиците вавилонски.
Протопрезвитер Андреј Ткачјов