НЕКОЈ старец рекол:
„Ако поцрни, калајот може повторно да стане светол. И верните, после помрачувањето поради гревовите, можат повторно да засветат ако се покајат. Од таа причина верата може да биде споредена co калајот.”
ОД СВЕТИ ЕФРЕМ
ВНИМАВАЈ, брате, зашто непријателот на различни начини војува против оние што се подвизуваат. Непријателот го покажува гревот пред нашите очи како нешто неважно пред да го направиме.
Желбата за телесни задоволства тој ја претставува како многу мал грев пред да се направи, после што, на братот му изгледа дека, речиси, воопшто не се разликува од истурање на ладна вода на земјата.
Меѓутоа, после самиот чин, лукавиот го преувеличува беззаконието во очите на оној што згрешил и го преплавува co безбројни бранови на помисли за да го потопи неговиот ум во бездната на очајанието.
Значи, знаејќи однапред, возљубени, за подлоста на непријателот, внимавај да не те прелаже и да не згрешиш. Ако, пак, паднеш во некој грев, немој да остануваш во него без надеж за свое спасение, туку стани и врати се при својот Господ Бог, Кој ќе те помилува.
Зашто, нашиот Господ е штедар и сожалив, долготрпелив и многумилостив и не ги отфрла оние што искрено се каат, туку веднаш ги прифаќа co голема радост.
Кога непријателот ќе ти рече:
„Изгубен си. Нема спасение за тебе”, ти речи му:
„Јас имам сожалив и долготрпелив Господ и затоа не очајувам за своето спасение. Оној што ни дал заповед на ближниот да му простуваме седумдесет пати по седум, толку повеќе Самиот, ќе им ги прости гревовите на оние што co целата своја душа се обраќаат кон Hero.”
Ha тој начин, co помош на Божјата благодат, од тебе ќе отстапи борбата.
Пренесено од книгата “Доброслов