Тројца старци
. И спасението и човечката блискост со Бога не зависат од неговата ученост ниту од ерархиските чинови, туку од благодатната љубов и светоста кои во себе ја носат.
Еве еден таков пример: на ферибродот каде патувале Руски поклоници во Солвјецкиот манастир, Архиепискотот на градот Архангелс слушнал од некои патници дека на блискиот остров живеат во осаменост тројца монаси кои целиот свој живот го посветиле на молитвата.
Еден од нив по раст бил мал, подгрбавен и многу стар, но секогаш насмеан и незлоблив како Ангел Господов. Вториот-нешто покрупен, неверојатно силен, можел да го преврти чамецот со еден потег. Третиот највисок, имал долга брада која го покривала се до колена.
Сакајќи да дознае за нив, Архиепископот го замолил капетанот да го допре ферибродот, и со чамец да го префрли на тој мал остров. Таму веднаш ги забележал и ги препознал тројцата старци.
На прашањето во што се состои нивната побожност и како се молат на Бога, тие му одговориле дека знаат само една молитва „ Вие сте Троица, ние сме троица, смилувајте се на нас! “
На овие зборови се насмеал Архиепископот и почнал татковски да ги упатува во основите на вистинската вера. Со голема мака и трпение, ги учел да ги изговорат „ Оче наш “ напамет.
Тие се труделе нешто да научат, но веднаш ги заборавале научените зборови. И така со нив поминал цел ден. На крај тие со благодарност го испратиле и направиле пред него голема метанија.
Архиепископот се вратил на ферибродот дури навечер. Останал долго, размислувајќи за тие Божји угодници.
Наеднаш на хоризонтот далеку зад ферибродот, забележал некаква светлост, која станувала се посветла и поблиска.
Капетанот и некои патници исто така ја забележале таа појава, само не можеле да разберат дали е некоја риба или птица која светли.
Со страв и трепет ги препознал тројцата старци, кои држејќи се за раце, по ферибродот трчале по морето како да газат по суво!
Кога стигнале, му се пожалија на архиепискот дека ги заборавиле зборовите од молитвата „ Оче наш “ и го замолиле повторно да ги научи, а тој им рекол:
„ Вашата молитва дошла до Бога, свети старци. Не сум достоен да ве научам. Молете се за нас грешните!“ и направил голема метанија пред нив.
Старците заминале, а трагот на светлоста долго сјаел по морето.