… Има ли нешто поубаво одошто секој миг да се моли Христос и да се изговара Неговото Свето име co овие глинени усни? Постои ли поголема чест?
Bo тие зборови е содржана целата наша вера.
Велејќи ‘ГОСПОДИ’, ние веруваме дека сме слуги Божји и дека Тој е нашиот господар. Co тоа My укажуваме почит на Христа Кого Го признавме за господар, но co тоа уште повеќе ни се укажува чест нам, зашто сме слуги на таков господар, којшто е Бог.
Велејќи ‘ИСУСЕ’, кое е човечкото име Божјо, се потсетуваме на севкупниот овоземен живот Христов – од Неговото раѓање до Неговото Вознесение.
Кога велиме ‘ХРИСТЕ’, што Го означува помазаникот Божји, Царот на небото и на земјата, исповедаме и веруваме дека Христос е нашиот Бог Кој се’ создаде, Кој е на небото и Кој повторно ќе дојде за да му суди на светот.
Говорејќи ‘ПОМИЛУЈ МЕ’, Го преколнуваме Бога да ни ги испрати Својата помош и Своето милосрдие, зашто признаваме дека без Божествената помош не можеме да направиме ништо.
Ова е, накусо, објаснувањето на овие свети зборови. Кој ќе ги изговара, ќе искуси мноштво работи.
Се молам co сето срце нашиот благ Исус да ви ja подари оваа молитва во душите за да ja вкусите духовната сладост на молитвата и да се преисполните co неа.
14. Молете се што е можно почесто. Обидете се да почувствувате умиление и да плачете и ќе видите колку ке се олесните од помислите и тегобноста.
Молитвата е човековиот разговор co Бога. Оној што се моли co скрушен и смирен дух, исполнет е co Божествени дарови и co блаженства – co радост, олеснување, мир, утеха и просветлување, така што и самиот станува блажен.
Молитвата е двоостар меч што го отсекува очајанието, спасува од опасности, ја ублажува тегобноста, итн.
Молитвата е превентивен лек за сите болести на телото и на душата.
Исто така, преколнувајте ја Мајката на Светлината, пренепорочната Богородица, да ви помогне, зашто после Бога Таа е нашата најголема утеха.
Кога човекот ќе го повика Нејзиното Пресвето име, во истиот миг ја чувствува Нејзината помош. Таа е Мајката. Додека била на земјата како човечко суштество и наша сострадалница, страдала од истите работи од коишто страдаме и ние.
Затоа е многусожаллива кон нажалените души и брзо им притекнува на помош.
15. Да ни зарипне грлото од деноноќно повикување на најслаткото име на Исус и тоа за духовното грло, за срцето, ќе стане послатко од мед и саќе. Ниедно друго име не е во состојба да ги надвладее страстите што се во нас, освен името Исусово.
Ниедно друго име не е во состојба да ja изгони темнината од срцето и co просветлувачко знаење да ни го озари умот, освен името Исусово. Ќе се вооружиме co тоа име и во секоја војна и битка ќе Го повикуваме на помош како војсководец.
Тој ќе дојде при првиот наш повик. Тогаш душата ќе се исполни co храброст и одважно ќе стапиме во невидливата битка, имајќи Го Исус за свој заштитник.
Пренесено од книгата “Поуки за Исусовата молитва” од Старец Ефрем Филотејски
Подготви: М. Д.