Слово дваесет и четврто

За бесстрасноста

1. По патот на добродетелите има паѓања, зашто има непријатели, има промени, има изобилство, има оскудност, има жалост, има радост, има страдање на срцето, има успеси, има принуда, зашто тоа е патување, – за да се постигне успокојување.

2. Бесстрастието е далеку од сето тоа и нема потреба од ништо, зашто тоа е во Бога и Бог е во него. Тоа нема непријатели, нема паѓања, ниневерување, ни труд околу запазување, ни страв од страстите, ни копнеж по некаква работа, ниту вознемирување околу нешто демонско.

3. Големи и неизмерливо славни се неговите достоинства. Додека во некого има страв од некоја страст, сè дотогаш тој е далеку од бесстрастието; сè додека од срцето на некого излегува осудување, сè дотогаш тој е далеку од бесстрастието.

4. Тоа е телото што го примил нашиот Господ Исус Христос. Тоа е љубовта, која треба да ја пројавуваме во дела, а на која ги научил Он своите последователи.

5. Многумина неискусни помислиле, дека добиле бестрасност, додека страстите уште живееле во нивната душа, па и телото нивно уште не било исчистено од нив и се отклониле од доброто и неопходното.

Простете ми, браќа заради Бога.

Пренесено од книгата “Добротољубие” Том I (Преподобен авва Исаиј)

Претходна статијаНЕДЕЛА НА РАСЛАБЕНИОТ (Синаксар на четврта недела по Пасха)
Следна статијаШто означува секој збор од молитвата „Господи Исусе Христе, помилуј ме…“