Молитва на Богородица

О, пресвета владичице моја Богородице, небесна Царице, наша добра и сигурна надеж, најблагословена Дево Маријо!

Ти си тврда ограда и покров на оние, што се изгубија во вртлогот на овој свет.

Ти си спасение на грешниците, Ти си одбрана и заштита на сиромасите, ти си застапница на туѓите, странците, на голите облека, на гладните храна и помош, ти си утеха и радост на тажните и на жалните.

Ти си, чудна Дево, покровителка на оние, што те навредуваат и гонат, Ти исцелуваш болни и на сите што ќе западнат во некаква беда и напаст, Ти си им помошничка и застапничка.

О, најмилостива Госпоѓо, Пречиста Дево Богородице, ја гледаш мојата мака и неволја, мојата тага и опасната напаст:

помогни ми мене, сиротиот и слабиот, тажниот и жалниот, заборавениот и очајниот.

Ти се молам, прогони ги од мене жалта и тагата, помогни ми мене, бедниот страдалник. Ти ја знаеш мојата мака и мојата неволја, па, пренепорочна дево, прогони ја од мене така како што тебе ти е пријатно и како што ти можеш.

Ти се молам, не дозволувај да паднам во очај; зашто јас немам никој кој би ми помогнал, никој освен твојот Син, предвечниот младенец Господ Исус Христос и тебе, о Мајко Божја, Владичице и Царице на целиот свет.

Затоа и молбено гледам на твојата света икона, каде што си ти co предвечниот младенец Исус, па co длабока воздишка од целата душа и co смирено срце ти се молам, пречиста Богомајко, паѓам на колена и ничкум до земјата ја наведнувам својата глава, па срдечно ти се молам:

Погледни co милостивото око, велепејна Богородице и услиши ме,  преблага Богомајко, не ме отфрлај, туку помилувај ме, покри ме co твојот чуден покров, не згрозувај се од мојата срдечна воздишка; туку помогни ми, спаси ме од секое зло, дарувај ми душевно и телесно здравје, упатувај ме на секое добро, особено на извршување на светата божја волја и побожно постапување, утврди мир, слога и љубов помеѓу луѓето, сочувај ме во светата христијанска вера и во добра надеж и сочувај ме од секаква несреќа!

Затоа што, никој што Tи се моли не останува без твојата помош и секој го добива тоа што го проси од тебе co вера и љубов. Избави го, заштити го, одбрани го и помилувај го, пресвета Богомајко, недостојниот твој слуга, кој Tе моли, фали и велича, амин!

Пренесено од книгата “Животопис на Пресвета Богородица”

 

Претходна статијаБЛАЖЕНИ СЕ ОНИЕ КОИ ПЛАЧАТ ЗА ПОВЕЌЕ ДОБРИНА!
Следна статијаГРЕВ ЛИ Е РАБОТЕЊЕТО (ЧИСТЕЊЕ) ВО НЕДЕЛА И ПРАЗНИК? (На ваши прашања одговара отец Горан Стојчевски)