Дома Духовност ЗА ОДГОВОРНОСТА ЗА НАШИТЕ ПОМИСЛИ…Свети Ефрем Сирин

ЗА ОДГОВОРНОСТА ЗА НАШИТЕ ПОМИСЛИ…Свети Ефрем Сирин

0
712

За помислите

 

12. Можеби некој ќе рече дека помислите не се важна работа. Тие се многу важни, a еве ви и докази од Светото писмо.

Jов принесувал жртви за своите деца, велејќи:

“Можеби синовите мои згрешиле и Го навредиле Бога во срцето Свое. Така постапуваше Jов во сите такви денови” (Jов 1,5).

Ако помислите беа неважни и ако за нив не сме одговорни, зошто за мислите на своите деца Jов жртви би принесувал? За лоши мисли биле осудени и оние што биле co Kopea; казнети биле затоа што имале лоши мисли.

И нашиот Господ Исус Христос прељубната мисла ја нарекол прељубодејство, желбата за жена – ја нарекол блудство, гневот – убиство, а омразата – човекоубиство.

За нашата одговорност и за помислите ни сведочи и блажениот Павле, кога вели дека Господ на Својот суд “ќе ги изнесе на видело тајните на мракот и ќе ги објави намерите на срцата” (1. Kop. 4,5).

Затоа, не говорете дека помислите ништо не значат, кога желбата за гревот се смета како гревовно дело.

13. Ho не треба да ги разгледуваме само мислите, туку и нашите гревовни расположби. И земјоделецот од она што го сее в земја се’ не никнува, така и умот наш сее во волјата, но не се прифаќа се’ и не се одобрува се’.

Од она што никнало од земјата земјоделецот бара плод; и Бог бара сметка за се’ што е одобрено и што нашата волја слободно го примила.

14. Луѓето што постапуваат телесно апостолот ги нарекол душевни, а оние што постапуваат противприродно ги нарекол телесни.

Духовни се оние што и самата природа ја преобразуваат во дух. Бoг ги знае и природата и силите на секого од нас.

Он го сее Своето слово во нив и бара дела според нивната мерка;

Он проникнува неприродно во душата и духот, во природата и во слободната волја, без да извршува насилство врз нашата слободна волја.

Ако човекот се задоволува co она што е природно, Бог не пребарува, зашто Он и’ ја одредил мерката на природата и и’ поставил закон. Но, ако слободната волја бива победувана од природата, тогаш бара одговорност за ненаситноста и за нарушување на Божјиот закон.

Пренесено од книгата “Добротољубие” Том 2, (Свети Ефрем Сирски)

Подготви Мина Даниловска