Слово дванаесетто
ЗА ВИНОТО
1. Тајната на виното. Тоа е слика на човечката природа и на човек што сака да го сретне Бога и да My угоди, па затоа во чистота го пази своето дело, за да My го предаде co радост на Бога.
2. Садот за вино бива измачкуван co смола, како што е потребно. Тоа е слика на телесната чистота, која ги има здрави сите свои членови и е чиста од сите срамни страсти. Зашто не можеме да My служиме на Бога ако им служиме и на нашите телесни страсти.
3. Како што не можеме да наполниме вино во сад, кој не е потполно засмолен, кој има пукнатина, така не можеме да My угодиме и на Бога, ако имаме омраза и непријателство спрема некого. Да се испитуваме и да видиме дали ги има нив во нас, зашто тие му пречат на човекот во делото на неговото покајание.
4. Виното во својот почеток преврива. Тоа е слика на секое започнување. Тоа е вриеж и барање – се’ додека не закрепне и не се зацврсти.
5. Виното не станува вино ако не преврие и ако не добие извесна умерена киселина. Така и почетникот во духовниот живот не може да напредува, ако продолжува да ја извршува својата волја, ако не добие од своите духовни оци Божји квас и тие не му го покажат вистинскиот пат и не го поведат по него, – се’ додека Бог не му даде да го види тој пат.
6. Виното го оставаат во неговите садови се’ додека не отстои колку што е потребно. Исто така, ни почетникот во духовниот живот не може без молчење, без маки и без трудови, кои My се угодни на Бога, – да дојде во добра состојба.
7. Ако го ставиме грозјето во зрна и co лозови фиданки и лисja, виното ќе биде кисело.
Така и почетникот во духовниот и испоснички живот, ако продолжи да живее co своите роднини и co други луѓе, кои немаат ист начин на живеење, како што е неговиот, ја загубува духовната расположба, која ја примил од своите духовни оци по Бога.
8. Винските садови ги потрупуваат co земја, за да не ветрее и да не се расипува. Така треба да биде и co почетниците во подвижничкиот живот: ако не добијат смирение во се’, сите нивни трудови се попусти.
9. Виното, ако често го пробаат, тоа изветрува и го изгубува својот вкус. Ова истото станува и co човек кој покажува што работи и како се подвизува; во тој случај славољубието го упропастува неговото дело.
10. Ако го остават виното отворено, лошите мушички влегуваат во винскиот сад и го расипуваат виното. Исто така, прекумерното зборување, шегите и празнословието ја расипуваат добрата расположба на младите монаси.
11. Ако го изложат виното на ветар, тоа ја губи својата боја и вкусот. Така и гордоста го уништува секој плод на човекот.
12. Виното го кријат во визбите и го покриваат co дебели покривки. Така го штитат и Божјиот трудбеник молчењето и крајното смирение – кога сите свои трудови ги смета за ништо. Без молчењето и ваквото вистинско смирение – не може тој да ги скрие своите трудови.
13. Сето ова треба да се прави за виното се’ додека не узрее и не стане вкусно за пиење; тогаш ќе почне да го пие оној што се трудел за него. И човекот треба да прави се’ што е потребно – додека Неговото дело не My стане пријатно на Бога.
14. И како што не можеме да веруваме дека виното е добро само врз основа на тоа што ќе ни речат дека е добро, ако ние сакаме да го вкусиме и не го испробаме, така човекот не може да има увереност во своето срце и да не се плаши за себе си – се’ додека не појде и не застане пред Бога и Бог не го признава неговото дело за совршено.
15. Ако винскиот сад почне да протечува, целото вино постепено ќе истече в земја, пред да разбере домаќинот за тоа, ако не ги погледнува винските садови одвреме-навреме.
Така и некоја сосем мала и неважна работа може да го упропасти човековиот труд, ако e тој мрзлив и невнимателен.
16. Браќа, да ги впрегнеме сите наши сили, за да се запазиме од сите работи, што можат да ни причинат штета, а Божјата милост и благодат ќе ни дадат смелост во оној ден, за да можеме во тој ден да речеме:
“По нашата немоќ не се трудевме да го направиме она што ни го наложуваше нашата совест, но силата за да го направиме беше Твоја. Од Тебе е и милоста и помошта и простувањето и трпењето.
Зашто, што сум јас? Досега бев во рацете на лошите, од кои ме спаси Ти, a jac немам ништо што можам да Ти дадам.
Јас сум грешен и недостоен сум за Твоите дарови, но Ти сепак ме избави од рацете на моите непријатели. Господи, Ти си Бог мој. Твоја е славата и силата и славата и милоста; и закрилата, и помошта и силата во сите векови и во целата вечност. Амин.
Пренесено од книгата “Добротољубие” Том 1, Преподобен авва Исаиј
Подготви: Мина Даниловска