ОПТИМИЗАМ
Она што му е неопходно на современото човештво, – како воздух, вода и оган – тоа е здравиот, креативен оптимизам. Ние стоиме на прагот нa новата епоха, нам ни се потребни нови, креативни идеи; ние треба да гледаме истовременo навнатре и падалеку; треба да го посакуваме правилното и npи тoa да го сакаме co силна волја; и над се’ – треба да веруваме дека ќе ни успее идното обновување.
Ние треба да пристапиме кон разрешување на претстојните задачи co достоинство и спокојство и истовремено во голема, креативна сосредоточеност, бидејќи од успехот на нашите трудови зависи понатамошниот развој на светската историја. Во сите сфери на животот од наc ce бараат огромни усилби, бидејќи станува збор за верско, културно, социјално н политичко обновување.
И за ова ни е неопходен духовно-вистински оптимизам. Ho, во животот се сретнува и неправилен, лажен оптимизам. Недоволно е да бидеш „во добро расположение”; малку е „да не предвидуваш ништо лошо”.
Лекоумниот веселко секогаш е „во добро расположение”, a кратковидиот и наивен човек нема да предвиди апсолутно ништо. Малку е да веруваш во сопствените сили и да умееш да ги успокојуваш другите луѓе; вообразеноста може да му наштети ка креативниот процес и оптимизмот не се сведува на „спокојство” во било што:
Оптимизмот не им се дава на луѓето од раѓање и од здравје; тој се стекнува во духовното coзревање. Оптимистот не предвидува успех и среќа при било какви услови: одот на историјата може да ветува понатаму не подем, туку паѓање и оптимистот не може да ги затвора очите пред ова. И co тоа не помалку тој си останува оптимист.
И така, има лажен оптимизам и духовно-вистински оптимизам.
Лажниот „оптимист” има добро расположение на духот затоа, што тој е човек расположен и се предава на своите лични, чисто субјективни состојби. Неговиот „оптимизам” нема суштински основи. Тој живее сам по себе, надвор од длабоките текови на историјата, надвор од големите светски собитија. Т
ој е „оптимист” само затоа што има здрав, урамнотежен организам и не страда од душевна дисхармонија. Неговиот „оптимизам” се однесува на него самиот и, можеби, на неговите лични дела. Но, на планот нa големите исполнувања тој гледа малку, а можеби, дури и ништо; а ако тој во суштина нешто гледа, тогаш тој го гледа матно и неправилно го оценува.
Пред лицето на духовните проблеми тој е површен и лекомислен; тој не ja гледа ни нивната длабочина, ни нивната широчина, и затоа лесно ја прима празната видливост за вистинска реалност.
Ете зошто тој не гледа ни зраци, ни знаци Божји. И затоа неговиот „оптимизам” – е физиолошки објаснив и душевно мотивиран, но суштински и метафизички е неоснован; и за него нема одговорност.
Неговиот „оптимизам” е израз на личното фантазерство или дури и занесеништво; тој може да приведе кон вистински апсурдности; и неговите уверени дрдорења имаат тежина нe повеќе, отколку црцорењето на штурецот…
Сосема поинаку е во душата на внстинскиот оптимист. Пред се’, неговиот оптимизам не се однесува на секојдневннот живот co сите негови сплетки, ќорсокаци и ситници, co сета негова жестокост и порочност: секојдневниот живот може да ни натовари страшни бремиња, лишувања и страдања, но тоа воопшто не влијае па неговиот оптимизам, бидејќи тој гледа на тие искушенија како на подготвителни скалила кон избавувањето.
Тој ja има предвид духовната проблематиха на човештвото, судбината на светот и знае, дека таа судбина е раководена и определена од Самиот Бог и дека затоа таа се открива како голема и жива творечка драма.
Ете го вистинскиот и најдлабок извор на неговиот оптимизам: тој знае дека светот пребива во раката Божја и се труди правилно да ја сфати творечката дејност на оваа Рака; и не само – да ја разбере, туку доброволно да се постави себеси во позиција на слободен деец, на располагање на таа возвишена и добра Рака (,,да биде волјата Твоја”).
Тој сака да му „содејствува”‘ на Божјиот план и дело, тој се стреми да cлужи и раководи, да слуша и извршува: тој го сака она што и’ соодветствува на Божјата волја, нa Неговата замисла, нa Неговата идеја…
Тој гледа дека во светот се составува и расте некоја Божја ткаенина, жива ткаенина на Божјото Царство; тој однапред го предвидува изгледот на таа ткаенина и се радува при помислата дека и нему му успеало да влезе во нејзината жива нитка.
Тоа значи дека неговиот оптимизам не се однесува толку на човечките дела, колку на Божјото Дело. Тој верува во светлата иднина, во идното Царство, затоа што тоа нe може да не настапи, бидејќи тоа се остварува од Бога. A неговата главна задача се состои во тоа, правилно да го разбере за него одреденото место и правилно да го исполни предназначеното за него служење.
Откако ќе го дознае своето место во Божјата замисла и откако ќе го најде своето вистинско служење, тој се стреми најдобро да го реализира својот призив – да го исполни својот „оптимизам”; и ако знае што да прави, тогаш на него слегува спокојна животна радост и духовен оптимизам.
Тој верува во својот призив и во своето Дело. Тој се смета себеси како нитка во Раката Божја; тој знае дека таа нитка ќе се вткае во Божјата ткаенина на светот и преку ова ја чувствува својата богосочуваност.
Co молитва тој оди во пресрет на неизбежните опасности на светот и спокојно „на отровница и змија ќе настапува”, „на змии и скорпии” и останува неповреден; и затоа исповеда заедно co Сократ, дека на Божјиот слуга не може да му се случи зло…
Тоа значи дека вистинскиот оптимист никогаш не ги преценува своите лични сили. Тој е не повеќе, од една земска нитка во Раката на великиот Создател на животот и оваа земска нитка може да биде во секој миг пресечена. Но додека живее на земјата, таа сака да се зацврснува и верно да служи.
Таквиот човек го движи волјата кон верност и победа. И онаму каде што песимизмот сосема ја исклучува волјата и се губи пред лицето на собитијата; каде што лажниот оптимист се предава на своите расположенија и не се справува co тешкотиите – таму вистинскиот оптимист се справува co секоја задача.
Трезвено и проникливо ги следи настанитe, не предавајќи се на страв и не преувеличувајќи ja опасноста; и колку поточно ja гледа реалноста, толку подобро разбира каква сила на волјата н каква воздржаност се бараат од него.
Тој – е решителен човек, кој ги знае своите способности, предаден на тоа Дело на кое му служи и кој ја храни струјата на својата животна волја од Божествениот извор.
Волјата е значајна и таинствена сила, која секогаш може да стане уште помоќна и noупорнa, отколку што ни се чини. Волјата на вистинскиот оптимист е дар на силата или умешност на себепринудување, жива бесконечност на усилбите — толку одамна и безнадежно бараното „духовно perpetuum mobile”…
Вистинскиот оптимист го гледа современиот од на историјата, ja созерцува неговата суштина и смисла во Божјиот план и ја црпе својата сила од бесконечннот извор на волјата, предадена на Бога и од Бога раководена.
Тој непоколебливо верува во победа, во победата на своето Дело, иако таа победа co текот на времето се покажала како „негов личен пораз”, бидејќи неговата победа е победа на она Божјо дело, на кое тој му служи на земјата.
А кога ќе го затече умор или неувереност, тогаш тој молитвено повикува кон последниот извор нa својата волја и на својот живот – кон Бога.
И тогаш се’ што му е неопходно ќе му биде испратено и тој ќе го продолжи своето служење.
Пренесено од книгата “Срцето што пее” од Иван Александрович Илин
Подготви: Мина Даниловска
фОТО: Иван Александрович Илин