ВО СЕБЕ ИМАВ ЖЕЛБА ДА ИЗГРАДАМ МАНАСТИР
Како што ви кажав, стар сон ми беше да изградам манастир, кој би бил духовна работилница, каде би се осветувале души кои непрестајно ќе Го слават Божјото име. Би сакал тој манастир да биде центар каде што ќе прибегнуваат напатени и обременети луѓе и ќе наоѓаат утеха, поткрепа и исцеление.
Значи, co години, додека co сестра ми и внуците живеевме во Турковунија, имавме машини и работевме. Да, плетевме блузи. Парите ги собиравме за таа цел. Многу штедевме на јадење, на облека, на се’. Така првите имоти ги зедовме co тие пари. Потоа, даваа и даваат христијаните кои го ценеа тоа дело. Даваа пари, но придонесуваа и co лична работа.
Co години барав да најдам соодветно место. Никогаш не сакав да пристапувам кон посредници за имот. Отидов на различни места. Сакав да биде на заветрина, но и co убав поглед. Се молев, по мојот обичај, да ме води Бог. Сакав Божјата благодат да ми даде потврда за тоа. Постојано ја кажував молитвата:
„Господи Исусе Христе…” Конечно Бог укажа на познатата локација во Милеси, на една височинка, таму да го устроиме манастирот. Еден овчар ме информираше дека тоа место се нарекува „Свети Спас”. Ми се допадна таа локација. Прашав дали се продава.
– Да, ми рече тој. Тоа е имот на Балокас од Милеси, којшто го има препишано на своите ќерки Елени и Спиридула. Ним треба да им се обратиш.
Тогаш отидов блиску до имотот и се помолив. Имав желба да дознам дали има вода. „Видов” дека имаше вода и тоа многу добра. Тоа многу ме израдува. Но ја „видов” многу длабоко во земјата и си помислив:
„Како да се извади оваа вода? И на други точки „видов” вода. Беше истата вода. Пониско, на растојание од километар и половина од врвот на ритчето, водата не беше толку длабоко. Затоа помислив да купам таму еден плац, да отворам бунар, за да ја носам водата до имотот каде што сакав да градам манастир. Значи, преку Божјото просветление ја обезбедив водата.
Потоа обрнав внимание дали таму може да се отвори пат, да се спроведе струја, телефон. Гледав дали е свртено кон југ, дали е заветрина, дали е изложено на северен ветар, има ли влага.
Сакав да го видам движењето на сонцето таму, за да нема соби што не би ги фаќало сонце зиме. Co месеци одев и набљудував како е на изгрејсонце, како е напладне, како е при зајдисонце, за да го изградиме манастирот така што сонцето ке го грее и кога изгрева и кога заоѓа; и последниот негов зрак да паѓа врз манастирот. Сето тоа беше поволно.
Веднаш се ангажирав да го купам местото. Го купивме и започнавме co работите.
СЕ НАВЕДНАВ И УМСТВЕНО ПИЕВ ВОДА
Почнавме co копање и градење без вода. He беше лесно да почнеме така. Поради тоа направивме една голема цистерна, што собираше шестотини и четириесет кубици дождовница. И покрај тоа водата од цистерната не ни достасуваше, па 5-6 години купувавме од Кифисија.
Секоја година дававме многу пари за вода. Имавме посадено и дрвја, па ги наводнувавме co купечка вода. Значи, беше неопходно да ја извадиме водата што ја „гледав” на имотот. Меѓутоа, потребни беа многу пари, зашто водата беше многу длабоко и требаше да се најде соодветен човек за тоа. Бев обземен co тоа прашање. Требаше да се најде решение. Бог го најде.
Видете што се случи.
Еден ден дојде еден господин да се посоветува околу една тема. Христос ми откри некои семејни работи за него. Тој се вчудовиде и трогнат, ми рече:
– Ова што ми го кажуваш не го знае никој, освен жена ми. Тоа се многу тајни работи.
Bo тој восхит, ми рече:
– Старче, што сакаш да ти донесам?
– Ништо.
– Имате ли вода во манастирот?
– He, немаме.
– Тогаш ќе ви извадам вода. Имам дупчалка.
– Колку ќе чини? – го прашав јас.
– Ништо. Јас ќе ги покријам сите трошоци за дупчењето, ќе донесам пумпа и се’ друго.
– Е, во ред, пред Христос го кажуваш ова, му реков јас.
Потоа си замина.
По неколку дена донесе една машина. Издупчи до триесет и осум метри длабочина, но наиде на една цврста карпа и не можеше да продолжи. Го замолив и донесе една друга, подобра машина, и стигна до осумдесет метри длабочина. He најде вода. Пак наиде на цврста карпа и дупчалката не можеше да продолжи. Тогаш очаен ми рече:
– Старче, не наоѓам вода! Ќе си одам.
– He треба да си одиш! – му реков.
– Треба да си одам – повтори тој.
Тогаш јас, бидејќи слеп, замолив една сестра да ме одведе долу, зад точката на која дупчеа, околу дваесет и пет метри од местото на дупчењето. Отидов скришно, среде боровите, да не ме видат.
Се помолив малку, па отидов и го најдов текот на водата. Се прекрстив и се молев. По својот обичај, оттаму умствено избројав колку длабоко се наоѓа водата. Зашто и другпат, кога бев помлад, јас имав наоѓано вода за луѓе што го барале тоа од мене.
И не само што наоѓав, туку и ја испитував водата, умствено, дали е добра, дали е солена, блага и така. Зедов едно метро и броев надолу, умствено.
Броев, „еден, два, три…” Водата се наоѓаше многу длабоко вземи, па затоа почнав да сметам по десет метри co едно дрво, пак умствено, велејќи:
„десет, дваесет, триесет, четириесет, педесет, сто…”
Почувствував голема радост. Ја најдов водата иако беше толку длабоко!
Почувствував неискажлива радост. Веднаш си помислив да ја пробам, дали е добра. Се наведнав и се напив вода умствено. Беше преубава! Задоволен и восхитен се вратив во келијата. По кратко време го повикав Никола Митас (така се викаше човекот чија беше машината за дупчење), и му реков:
– Ќе одиш многу, многу длабоко.
Тој ми рече:
– Старче, ќе има карпа, нема да има вода. Немам толку цевки. Ќе си одам!
– Нема да си одиш – му реков. – Оди да најдеш цевки. He те пуштам да си одиш!
Следниот ден донесе цевки и дупчеше длабоко, таму каде што му имав кажано. Таму најде бунар co изобилна и убава вода за пиење. И тој самиот се израдува, a и сите ние се зарадувавме.
Таа вода беше Божји благослов, света вода. Отслуживме молебен во црквата на Преображението, за да My заблагодариме на Господа поради големото чудо.
Тоа беше чудо на Христовото Преображение.
Пренесено од книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит”
Пренесе Мина Даниловска