СО БОЖЈАТА ЉУБОВ СЕ’ СТАНУВА ХРИСТОС

За Божјата љубов многу убаво зборува и канонот на свети Пахомиј, напишан од Теофан.

„Оче, co топла љубов од бестрастие обземен, си направил да овенат материјалните поводи за страсти, Пахомиј, и, вознесен на крилјата на љубовта, си ја стекнал изворната озареност co Божеството, себлажен.”

„Co Божјата љубов си кажувал поуки на Духот, од кои просветлуван си достигнал до врвот на добродетелта, избавувајќи ја својата душа од страстите.”

„Ранет од копнежот кон Владиката, преку воздржание си ја згаснал склоноста на телото кон страстите, Пахомиј, a сиот свој живот Нему си My го посветил како најблагоухана жртва.”

Ax, ова е богатство, многу скапи се овие зборови! Значаен поет е Теофан!

„Врвот на добродетелта” е Божјата љубов, којашто е совршена и апсолутна.

„Ранет”: кога нашата душа ќе биде ранета од божествениот копнеж, тогаш во неа венее склоноста на телото кон страстите. Божествениот копнеж ја победува секоја болка, па така секоја болка се преобразува и станува Христова љубов.

Возљубете Го Христос, и Он ќе ве возљуби, и сите болки ќе поминат, ќе бидат совладани, ќе се преобразат. Тогаш се’ станува Христос, се’ станува рај.

Но за да живееме во рајот, ние треба да умреме за се’, да бидеме како мртви. Тогаш ќе живееме вистински, ќе живееме во рајот. Ако не умреме за стариот човек, тогаш ништо не бидува.

Многу ја сакам поемата на Веритис, „Дружење co Христос”.

„Копнеев да доживеам дружба co Христа, Неговата топла љубов да ја затворам во градите. А градите се тесни и се отвараат и шират, и колку што повеќе љубат, толку повеќе не можат да се заситат”.

Никако не можеш да се заситиш. Колку повеќе пиеш вино, толку и уште повеќе сакаш да пиеш. Колку повеќе и’ се даваш на Христовата љубов, толку и уште повеќе сакаш да се даваш. Hero треба да Го возљубиме co сета наша душа, срце, сила, разум.

Штекерот на нашето срце треба да го вклучиме во Неговата љубов, за да се соединиме co Hero. Господ тоа не го бара за Себеси, од егоизам, туку заради нас, за да ни дарува се’, радост, среќа.

Поетот успеал во тоа. Го возљубил Христос и бил возљубен од Hero. Ja нашол тајната на Божјата љубов. He е тешко, туку, напротив, многу е лесно да го откриеме тоа. Тоа зависи од начинот на живот и од подготовката и бара поседување на православен дух.

Таа љубов, тој ерос и тој ентузијазам те носат дури и во мачеништво. Те прави да се жртвуваш, да не се плашиш: од ништо и ништо друго да не земаш предвид; да бегаш далеку, во пештери и пo краиштата на земјата.

Ова божествено лудило го имал и светиот Јован Каливит, кој мене ми беше инспирација. Светителите и мачениците, поаѓајќи од божественото лудило, не се колебале во ништо, трчале кон мачеништво co радост и восхит.

Оној кој повеќе љуби, повеќе дава, а оној кој љуби премногу, што соодветно може да даде? Тој се дава себеси!

Поради таа нивна љубов кон Христа светителите не ги чувствувале болките од мачењата, колку сурови и да биле. Сетете се на трите момчиња во вжарената печка.

Тие пеејќи и славословејќи Го Бога се освежувале во печката. Сетете се на свети Димитриј, свети Георгиј, света Екатерина, света Варвара, света Параскева, светите честириесет маченици во замрзнатото езеро. „Облак од маченици”, како што вели апостолот Павле.

Сите тие светители и маченици, како тука на земјата, така и уште повеќе сега на небото Го воспеваат и слават Бога. Тие се во рајот и го гледаат Бога „лице в лице”. Во тоа се состои се’.

Како се вели во првата благодарствена молитва по причеста? Зарем не вели некаде таму, „оние кои ја гледаат неискажливата убавина на Твоето лице?

Ете го рајот! Рајот е кога човек постојано го гледа Божјото лице. Тоа е повозвишено од цвеќињата и од егзотичните птици, од жуборните води, од трендафилите и од сите убавини што постојат на Земјата, од сите мали љубови.

Кога Го љубиш Христос, и покрај слабостите и свеста што ja имаш за нив, ти ја имаш сигурноста дека си ја надминал смртта, затоа што се наоѓаш во Христовата љубовна заедница.

За тоа се борам и јас – но Бог нека ме помилува! Навистина, co тоа сум обземен дење и ноќе. Така е тоа кога ќе Го возљубиш Христа, па сакаш и да страдаш и трпиш заради Христа.

Да се молиме Бог да не’ удостои да го видиме Господовото лице уште од тука на Земјата.

Пренесено од книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит”

Превод од грчки Јеромонах Атанасиј Арсоски

Подготви  – Мина Даниловска

Претходна статијаНЕ ГО МРАЗИ НЕГО, ТУКУ СТРАСТИТЕ ШТО ГО НАПАЃААТ!
Следна статијаСЕ НАВЕДНАВ И УМСТВЕНО ПИЕВ ВОДА (Прозорливоста на старец Порфириј)