…НИКОМУ НИШТО НЕ ДОЛЖИМЕ, ОСВЕН ДА СЕ ЉУБИМЕ ЕДЕН СО ДРУГ”

Кога некој ќе ни направи неправда на каков било начин, co клевети или co навреди, ние да размислуваме дека тој е наш брат кого го обзел непријателот. Тој станал жртва на ѓаволот. Затоа треба да сострадуваме co него и да Го помолиме Бога да не’ помилува и нас и него и Бог ќе ни помогне.

Меѓутоа, ако се разгневиме на него, тогаш ѓаволот од кај него ќе скокне кај нас и ќе не’ изигра и двајцата. Оној што ги осудува другите, не Го љуби Христос. За тоа е виновен егоизмот. Од таму тргнува осудувањето. Ќе ви кажам еден мал пример.

Да претпоставиме дека некој човек се наоѓа сам во пустина. Нема никој друг. Одеднаш слуша некого оддалеку како плаче и вика. Се доближува и наидува на страшна глетка: тигар зграпчил некој човек и разјарено го растргнува. Тој очаен бара помош.

За неколку минути ќе биде распарчен. Што да прави тој човек за да му помогне? Дали да оди до него? Но, како? Тоа е невозможно. Дали да повика некого? Но, кого? Нема никого.

Или, пак, можеби треба да земе камен и да го удри човекот, па да го докрајчи? Ќе речеме: „Се разбира, не!”

Но, сепак, тоа е можно да се случи кога не сфаќаме дека другиот, кој co нас лошо се однесува, е обземен од ѓаволот, како од тигар. Ни бега тоа дека кога и ние не се соочуваме co ближниот co љубов, всушност е исто како да му фрламе камења врз неговите рани, co што му правиме многу големо зло.

А, тигарот скока и врз нас, па и co нас се случува она што се случува и co него, a можеби и полошо. Значи, во тој случај каква е љубовта што ја имаме за нашиот ближен и, уште повеќе, за Бога?

Злобата на другиот треба да ја чувствуваме како болест што го мачи, па страда и не може да се ослободи. Затоа да ги гледаме нашите браќа co сочувство и да се однесуваме убаво co нив, кажувајќи си ја во себе молитвата „Господи Исусе Христе, помилуј ме”, за да се зајакне нашата душа co помош на Божјата благодат и никого да не осудуваме.

Сите луѓе да ги гледаме како светители. Ние сите во себе го носиме истиот стар човек. Ближниот, кој и да е, претставува „тело од нашето тело” наш брат и „никому ништо да не должиме, освен да се љубиме еден co друг”, согласно зборовите на апостол Павле. Никогаш не можеме да ги осудиме другите, зашто „никој никогаш не го намразил своето тело”.

Кога некој има некоја страст, ние да се трудиме да му фрламе зраци на љубов и милосрдност, за да се исцелува и ослободува. Тоа се изведува само co Божјата благодат. Помислете дека тој страда повеќе од вас.

Во општежитие, кога некој е виновен, не треба да му велиме дека е виновен. Треба да се однесуваме co внимание, почит и молитва. Ние да се трудиме да не правиме зло. Кога го трпиме противречењето на братот, тогаш тоа се смета за мачеништво. Да го правиме тоа co радост.

Христијанинот е благороден и учтив. Да претпочитаме да бидеме онеправдани. Штом во нас ќе дојдат доброто и љубовта, тогаш го забораваме злото што ни го сториле другите.

Тука се крие тајната: кога злото доаѓа оддалеку, не можете да го одбегнете, но голема уметност е да го игнорирате. Co Божјата благодат, иако ќе го гледате, нема да има влијание врз вас, бидејќи ќе бидете полни co благодат.

Bo Божјиот Дух се’ е поинаку. Таму секој ги оправдува сите во ce’. Bo ce’!

Што рековме? „Христос им испраќа дожд и на праведните и на неправедните”. Јас наоѓам дека ти си виновен, иако ми велиш дека е некој друг или некоја друга. Сепак, во нешто си виновен, и ти тоа го откриваш кога ќе ти кажам.

Ваквото расудување треба да го стекнете во вашиот живот. Задлабочувајте се во секое нешто, а не да гледате површно. Ако не одиме при Христа, ако не бидеме трпеливи кога неправедно страдаме, тогаш постојано ќе се измачуваме. Тајната е во соочувањето co ситуациите на духовен начин. Heшто слично пишува свети Симеон Нов Богослов:

„Должни сме сите верни да ги гледаме како едно и да размислуваме дека во секого од нив е Христос. И за секого да имаме таква љубов, при што да сме подготвени заради него да го жртвуваме и својот живот.

Должни сме да не го нарекуваме и да не го сметаме ниту еден човек за лош, туку сите да ги гледаме како добри. И ако видиш некој брат дека е вознемируван од страсти, ти немој да го замразиш него, туку намрази ги страстите што го напаѓаат.

A ако го видиш дека го измачуваат желби и навики од претходни гревови, тогаш уште повеќе смилувај се на него, за да не поминеш и ти низ искушение, бидејќи си од материја која лесно преминува од добро кон зло”.

Љубовта кон братот те подготвува уште повеќе да Го возљубиш Бога. Значи, тајната на љубовта кон Бога е љубовта кон братот. Ако не го љубиш братот, кого го гледаш, како е можно да Го љубиш Бога Кого не Го гледаш?

старец Порфириј Кавсокаливит

Подготви М. Д.

Превод од грчки – Јеромонах Атанасиј Арсовски

 

Претходна статијаТИЕ ШТО НЕ ЈА ЉУБАТ ЦРКВАТА НЕ ГО ЉУБАТ НИ ХРИСТОС!
Следна статијаШТЕКЕРОТ НА НАШЕТО СРЦЕ ДА ГО ВКЛУЧИМЕ ВО НЕГОВАТА ЉУБОВ ! („Облак од маченици”, како што вели апостолот Павле.)