32. Колку милијарди лоши духови и колку безбројни видови нивни искушенија!
И откако увиделе дека ние откако сме ги сознале нашите страсти и нашиот голем срам, па сме почнале да се ослободуваме од нашите лоши дела, не сакајќи да ги слушаме нивните лоши совети, – сепак тие не отстапиле од нас, туку продолжуваат да не’ напаѓаат, зашто знаат дека нивната судба конечно е решена и дека пеколот е нивното вечно наследство – како казна за нивната бескрајна пакост и за нивното потполно отпаѓање од Бога.
Да ви ги отвори Господ очите на вашите срца, за да можете да видите колку се многубројни итрините и лукавствата демонски и колку многу зло ни прават тие секој ден. Да My ce молиме на Бога да ни дарува храбро срце и разумен дух, за да можеме да My се принесеме себе си на Бога жртва жива и чиста, да се пазиме постојано од зависта на демоните и секогаш да бидеме свесни за нивните лоши совети, за нивните прикриени лукавства и нивната подмолна пакост, за нивните лаги и богохулни помисли, за нивните итри предлози, кои ги вложуваат секој ден во нашето срце…
За нивниот гнев и за нивните клевети, co кои не подучуваат како еден co друг да се напаѓаме и да се клеветиме; тие учат како co слатки зборови да ги скриваме горчевините на нашите срца; не’ учат да ја осудуваме надворешноста на нашиот ближен, а сами во себе си да имаме грабливец, за да се караме едни co други, да се прекоруваме – co желба да се покажеме дека сме ние најчесните.
Греши секој човек, кој се насладува co своите грешни помисли, кој паѓа доброволно, кој се согласува co она што во него го вложуваат неговите духовни непријатели и кој мисли да се оправда само co дела, кои само надворешно се чинат совршени, a внатре во него е вистинско живеалиште на лошиот дух, кој го учи на секое зло.
Телото на таквиот човек се исполнува co срамни нечистотии, зашто во таквиот човек владеат демонските страсти, кои тој не ги одгонува од себеси. Демоните немаат видливи тела, но ние стануваме нивни тела кога ги прифаќаме нивните мрачни помисли, зашто штом се согласиме co нивните помисли, ние ги примаме и самите демони и ги покажуваме видливи во нашето тело. (Од шестото писмо).
33. Нашата духовна и бесмртна природа е сокриена во нашето гниежливо тело, така што и преку него да можеме да ги пројавиме нашите дејствувања. Па така, откако го направите вашето тело кадилен жртвеник, принесувајте ги на него вашите помисли и вашите лоши желби, па, ставајќи ги на тој начин пред лицето на Господа, издигнувајте се кон Hero co своето срце и co својот ум, молејќи My ce – Он да го испрати одозгора Својот духовен оган, кој би изгорел се’ што се наоѓа на овој олтар и да го очисти.
Тогаш ќе се исплашат вашите духовни непријатели, Вааловите свештеници, ќе загинат од вашите раце, како што загинале и од рацете на пророкот Илија (cп. 3. Цар. 18,25 и понатаму). Тогаш ќе го видите човекот, кој излегува од божествените води, кој ќе направи да падне духовен дожд на вас, односно да бидете оросени од Светиот Дух Утешител. (Од истото писмо).
34. Ѓаволот, кој паднал од небесната слава поради својата гордост, непрестајно прави напори да ги вовлече во паѓање и сите оние, кои сакаат да пристапат кон Господа, на ист начин како што паднал и тој: преку гордоста и љубовта кон суетната слава.
На тој начин демоните се борат против нас, co тоа и co други слични работи настојуваат да не’ оддалечат од Бога. Освен тоа, знаејќи дека оној што го сака својот брат – Го сака Бога, тие вложуваат во нашите срца меѓусебна омраза до таква мерка, така што има луѓе, кои не можат да го гледаат својот брат или да му речат еден збор.
Многумина, кои биле навистина големи, презеле трудови да ги придобијат добродетелите, но поради својата неразумност загинале. Такви не е чудно да има и меѓу вас, ако престанете да се трудите за придобивање добродетели и ако мислите дека веќе ги имате.
На тој начин можете да паднете во таа ѓаволска болест и самоизмама, мислејќи дека сте близу до Бога и дека живеете во светлина, а всушност се наоѓате во темнина. Што е она што Го побудило нашиот Господ Исус Христос да ја соблече Својата горна облека, да се препаше co крпа за бришење, да стави вода во сад за миење (cп. Јован 13, 4-15), да им ги измие нозете на оние, кои биле подолу од Hero, ако не тоа – да ги научи да бидат смирени?
Он co својот пример, co она што го направил, ни покажал и нам дека треба да бидеме смирени. И токму затоа, сите оние што сакаат да се вратат во својата првобитна состојба, треба да знаат дека тоа можат да го постигнат само преку смирението.
Затоа што во почетокот паѓањето од небото дошло поради гордоста.
Па затоа, ако човекот нема вистинско смирение, ако не се смири co сето срце, co сиот дух, co сета душа и co сето тело, – тој не ќе може да го наследи царството Божјо. (Од истото писмо).
Пренесено од книгата “Добротољубие” (Свети Антониј Велики)