(Вовед во Божествената литургија)
1. Тајната вечера и првата христијанска евхаристија
Bo текот на една јудејска пасхална вечера, Христос ја востанови тајната на божествената евхаристија, пасхалната вечера на Црквата. На истата трпеза, според зборовите на св. Јован Златоуст, Христос „ја потврди пасхата – која до тогаш беше праслика за иднината, и ни ја даде вистинската пасха.”
Тројцата први евангелисти (Матеј 26:26-29; Марко 14:22-25; Лука 22:15-22) и апостолот Павле (1. Kop. 11:23-26) ни даваат опис на првата Божествена литургија, која се извршила во Сионската горница (горна соба), „онаа ноќ во која Господ Исус беше предаден”. И додека јадеа од пасхалната вечера,
„зеде Исус леб и заблагодари, го прекрши, па им даде на учениците, велејќи:
Примете, јадете; тоа е Моето тело; (во евангелието според Лука е додадено и ова: што се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!);
потоа ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде, велејќи:
Пијте од неа сите; зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, Koja ce пролева за мнозина за опростување на гревовите; (а апостолот Павле во своето послание го пишува следното: ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!). И вам ви велам, оти отсега нема да пијам од овој лозов плод, се’ до оној ден, кога ќе пијам нов co вас, во Царството на Мојот Отец.” (Матеј 26:29)
Ова беше првата Божествена литургија на земјата. И овој опис на првата евхаристиска вечера е истовремено и опис на евхаристиското собрание од апостолските времиња. Bo тие времиња, пред тајната на евхаристијата, се извршувале вечерите на љубовта…
Господ, по Своето вознесение, не претседава Самиот co евхаристиското собрание. Ho, апостолите се жива икона (слика, образ – заб. на прев.) Христова. Па според тоа, на божествената евхаристија првите христијани силно го доживуваат присуството на својот Господ, но и го очекуваат Неговото славно”повторнодоагање”.
Чувството на присуството Христово и очекувањето на Неговото второ доаѓање го исполнува собранието на првите христијани co атмосфера на духовна радост (Дела 2:46-47). Сведоштвата запишани во Делата на светите апостоли не’ известуваат Дека евхаристиските собранија (првите литургии -заедничкото дело на целата црковна заедница -заб. на прев.) се извршувале во вечерните часови, во горните соби на куќите, no примерот на првата Вечера Господова (Дела 20:7 и понатаму).
Изгледа дека многу бргу божествената евхаристија била одвоена од вечерите на љубовта, како последица на тоа што на истите се случувале разни недоследности (1. Кор. 10:15-33; 11:1-34; особено 20 стих).
Кога во последните години од првиот век божествената евхаристија започнала да се служи независно од вечерите на љубовта, верните започнуваат на своите собранија да читаат по едно од апостолските посланија.
По читањето, следувал целивот на љубовта, за кој често ни сведочи и самиот апостол Павле на крајот од своите посланија (2. Кор. 13:12; Рим. 16:16). По целивот на љубовта, литургот (оној кој во името на црковната заедница претседава co заедничкото дело, од почеток самите апостоли, по нив епископите, а потоа и презвитерите – заб. на прев.) ги благословувал верните co следниов благослов:
„Благодатта на нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога и Отецот и заедништвото на Светиот Дух нека бидат co сите вас” (2. Kop. 13:13).
Потоа следела молитвата на благодарењето и зборовите Господови:
„Земете јадете, ова е Моето тело… Пијте од неа сите…” По Христовите зборови, сигурно била изговарана молитвата за призив на Светиот Дух. Основа, на која била втемелена оваа молитва, се зборовите Господови кои Тој им ги кажал на своите ученици по востанувањето на тајната:
„А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе ви го испратам Јас од Отецот, Духот на вистината, Кој излегува од Отецот, Он ќе сведочи за Мене… Он ќе ве научи на се’ и ќе ви напомне за се’ што сум ви зборувал… Он Мене ќе ме прослави, зашто од Моето ќе земе и ќе ви јави” (Јован, од 14 до 16 глава).
На крајот од собранието, телото Христово било прекршувано, а потоа следело божественото причестување co телото и крвта Господови (1. Kop. 11:23-34). Ha овој начин се извршувала божествената евхаристија во апостолското време.
2. ПРВИТЕ ЛИТУРГИСКИ МОЛИТВИ
Bo вториот и третиот век по Христос настанува период во кој Црквата била гонета. Од овој период имаме сочувано некои литургиски молитви, како што се оние кои се наоѓаат запишани во Учењето на Дванаесетте апостоли (Дидахи) и во Апостолското предание на св. Иполит Римски.
Св. Јустин Философ во своите апологии исто така ни овозможува да се запознаеме co две нацрт содржини на Светата литургија. Истите овие писатели, исто така, пишуваат дека во нивно време уште постоела релативна слобода во формулирањето на литургиските молитви. „А на пророците им е допуштено да благодарат колку што сакаат” – пишува во Дидахи. И св. Јустин одредува дека литургот (свештенослужителот), „исто колку и народот, вознесува молитви и благодарења, колку што може”.
Почетокот на овој период се поклопува co конечното одвојување на евхаристијата од вечерите на љубовта (агапи). Од епохата на апостолите и харизматичните учители и пророци, кои ги обиколуваат месните Цркви, се преминува во период во кој секоја Црква (црковна заедница) добива свои стални пастири.
Евхаристиското собрание започнува главно да се извршува во утрените часови, наместо во вечерните, како што било во почетокот. Како места за собирање се користеле и гробовите на светите маченици.
Според св. Климент Римски, во последните години од првиот век кон Божествената литургија била придодадена и победната песна. „Замислете го – пишува тој – огромното мноштво ангели Божји како стојат пред Hero и и’ служат на волјата Негова!
Писмото вели: Миријади и миријади стојат пред Hero и илјадници и илјадници My служат воскликнувајќи: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот, полни се небесата и земјата co славата Негова (Исаија 6:3; Откр. 4:8).
И ние, исто така, собрани во еднодушност, на едно место, co иста вера и co исто познание, умилно My воскликнуваме Нему, како од една уста!” Во списот Учењето на Дванаесетте апостоли -Дидахи, напишан околу стотата година по Христос, наидуваме на првите литургиски молитви:
„Што се однесува до евхаристијата, благодарете вака. Најнапред за чашата:
Ти благодариме, Тебе, Оче наш, за светата лоза на Давида, чедото Твое, која си ни ја јавил преку Исуса, Чедото Твое. Ha Тебе слава низ вековите!
Што ce однесува, пак, за прекршување на лебот:
Ти благодариме Тебе, Оче наш, за животот и патот кој си ни го открил преку Исуса, Чедото Твое. Ha Тебе слава низ вековите!
Како што овој леб, кој се прекршува, беше расејан (се мисли на житните зрна) по полињата и собран, стана едно, така да се собере и Црквата Твоја од краиштата земни во Твоето Царство. Зашто Твоја е славата и силата низ Исуса Христа во сите векови.”
По уште една низа литургиски молитви, во Дудахи се забележани неколку кратки реченици, кои се, можеби, дел од дијалогот меѓу литургот и присутниот народ:
Литургот: Нека дојде благодатта (во друга верзиja – Нека дојде Христос), и нека одмине овој свет!
Народот: Осана на Богот Давидов!
Литургот: Кој е свет, нека пристапи! Кој не е, нека се покае! Маран ата! (Господ доаѓа).
Народот: Амин.
Св. Јустин во својата Прва апологија (напишана околу 150 година no Христос) ни дава две нацрт содржини на Божествената литургија од своето време. Евхаристиското собрание започнувало co читање од Светото Писмо:
„Се читаат спомените апостолски или списите пророчки”. По читањето следи беседа или проповед co која литургот (свештенослужителот) „поучува и повикува на подражавање на тие добри примери” од словото Божјо.
Потоа се на ред заедничките молитви, a no нив целивот на љубовта помеѓу верните, потоа принесувањето на лебот и виното и нови молитви кои ги изговара литургот, а на крајот „народот одговара co Амин и даровите, над кои е извршено благодарењето (евхаристијата), се раздаваат на сите присутни и секој co нив се причестува, a на оние кои се отсатни причеста им се носи преку ѓаконите”.
Св. Јустин ја наведува и молитвата на призивот (епиклеза) на Духот Свет, која уште ја нарекува – молитва на словата. Тој и на друго место Духот Свет, Утешителот. Го нарекува – Логос или Слово.
Св. Игнатиј Антиохиски, наречен Богоносец (маченички пострадал околу 113 година по Христа), и св. Иринеј Лугудунски или Лионски (140-202 по Христа) помалку се осврнуваат на формата на евхаристиската молитва, а повеќе се концентрираат на теологијата на тајната.
Молитвата на светото воздигнување св. Иринеј ја именува и како „повикување – призив (епиклеза) на Бога” и „збор Божји”, a го навестува и тоа дека пред принесувањето на даровите претходи исповедање на верата.
Bo Апостолското предание на св. Иполит Римски (напишано околу 217 година) се среќаваме за прв пат co дијалогот помегу литургот и верните:
Литургот: Господ, да биде co сите вас!
Народот: И co твојот дух!
Литургот: Горе издигнете ги срцата ваши!
Народот: Ги имаме кон Господа!
Литургот: Да My благодариме на Господа!
Народот: Достојно е и праведно!
По овој дијалог започнувало светото воздигнување (анафора):
„Ти благодариме, Боже, преку возљубениот Слуга и Чедо Твое, Исус Христос, Кого Ти во последните времиња ни Го испрати како Спасител и Искупител и Гласник на Твојата волја, Кој е Логос (Слово) од Тебе, преку Кого се си создал…
Тој, затоа што се предаваше на доброволно страдање… откако го зема лебот и заблагодари, рече:
Земете, јадете, ова е Моето тело, кое за вас се прекршува; а исто така и чашата, говорејќи:
Ова е крвта Моја, која за вас се пролева; секогаш кога ова ќе го правите, во Мој спомен правете го!
Сеќавајќи се на смртта и воскресението Негово, Ти принесуваме леб и чаша, Тебе благодарејќи Ти…
И Ти се молиме да ни Го испратиш Твојот Свет Дух на жртвата на светата Црква. Неа обединувајќи ја, дај им на сите светии кои се причестуваат да им биде на исполнување co Духот Свет, на утврдување во верата и вистината…”
Значи, во анафората на Апостолското предание ce препознаваат сите нејзини основи делови: дијалогот, прологот, Христовите зборови, сеќавањето (анамнеза) и призивот на Духот Свети (епиклеза).
3. ПРВИТЕ ЛИТУРГИИ
Bo четвртиот век се запишани првите Литургии. Најважни од нив се следните:
1. Литургија на св. апостол Јаков, братот Господов,
2. Литургија на св. апостол Марко,
3. Литургија на св. Василиј Велики,
4. Литургија на св. Јован Златоуст и
5. Литургија на св. Климент Римски
Три од овие пет литургии Црквата ги служи и денес. Тоа се литургиите на св. Јаков, на св. Василиј и на св. Јован Златоуст (Златоустова).
изворник: О Литургији, Београд, 1997 превод: презвитеp Ивица Тодоров
Пренесено од книгата “Толкување на Светата литургија” од Еромонах Григориј Светогорец
Подготви М. Даниловска