КОГА СЕ ПРОСТУВА ГРЕВОТ?
Би сакал да ви раскажам за еден многу необичен настан кој сe случи во наше време, кој ја покажува Божјата наклонетост кон нас луѓето.
Во еден од московските весници беше објавен текст за тоа дека треба да „веруваме во сонови”. Таму детално беше опишан следниов случај.
Еве како било.
Починала некоја жена од некоја болест. Нејзиниот маж многу тагувал. Простувајќи се од неа, во џебот од своето палто си ја побарал партиската книшка, но никако не можел да ја најде.
Неочекувано жената му се јавила во сон и му кажала дека партиската книшка е кај неа крај нејзините нозе.
„Тебе ти падна. Отвори го гробот и земи ја. Но мене не ме откривај, само нозете. Подигни го капакот и од под нозете земи ја книшката”.
Така таа упорно му се јавувала во сон неколку пати, повторувајќи едно и исто: дека партиската книшка лежи кај нејзините нозе, дека му паднала, дека треба да го отвори гробот, но нејзе да не ја открива само да го подигне капакот од сандакот, не откривајќи го нејзиното тело.
И на крајот, тој донел одлука. Го откопале гробот и го подигнале капакот од сандакот, но не одолеале и целосно го извадиле капакот. И виделе огромна змија како го обвиткувала телото на таа жена, а партиската книшка била крај нејзините нозе.
Човекот се запрашал: што означува овој ужас? Одговорот е едноставен!
И само еден: тие не биле венчани живееле во блуд. Таа починала не стапувајќи во свештен брак. Можеби и се каела поради гревот – затоа што не била венчана – но гревот останал неразрешен и таа починала како блудница. Така се до Второто Доаѓање оваа змија ќе го јаде на таа жена.
Се поставува прашањето, зошто тоа е објавено?
И тоа за целиот свет преку весници?
Станува збор за големата милост Божја – за опомена на луѓето дека задолжително треба да се каат за своите гревови, не само така што ќе ги кажуваат пред свештеникот, туку потребно е да се принесе покајание, т.е. човекот да се одрече од гревот и никогаш повеќе да не го повторува.
И кога повеќе никогаш нема да се повторува, уште еднаш треба да се каже на свештеникот дека сме се провериле себеси: гревот не се повторува, удостојте ме co Причест.
Ете тогаш гревот се простува, се разрешува и никако нема да биде спомнат при Второто Христово Доаѓање. Но, ако го премолчиме гревот и се причестуваме co Светите Тајни, а при тоа не сме го оставиле вистински, тогаш тој грев останува.
Таквиот човек се причестува за суд и своја осуда, додека на свештеникот му се зема за грев тоа што незаконски го разрешил гревот и дозволил пристап до Светиот Путир. Ете зошто е така страшна одговорноста на архиереите и свештениците.
Архиерејот е виновен затоа што не бара, не проверува, не учи, не советува, не чува, не стражари и не внимава на свештениците. А свештениците се виновни затоа што незаконски разрешуваат гревови, поради што и ќе одговараат на митарствата.
Бидејќи за се’ постои закон, постои и правило на Светите Отци, т.е. покајание.
Што е тоа? Да се стане свесен за гревовите, да се оплакуваат, исповедаат, да се замразат гревовите, да се проколнуваат, да се плашиш од нив и да не ги повторуваш. За тоа треба да се молиме за помош и одбрана.
Дури тогаш гревот се простува и нема веќе да се спомнува. Но, доколку гревот се исповеда пред свештеник, а човекот повторно го повторува, тогаш гревот останува.
Свештеникот во тој случај незаконски ја чита разрешната молитва, заради лажна утеха на оној што се кае. Ако тој нема намера да го остави гревот и не сака или не може да го остави – тогаш не треба ниту да се причестува!
Да се исповеда може, но не треба да се причестува се’ додека гревот не биде оставен: така поучува Златоуст. А ние не се придржуваме до тоа, па затоа и сме болни и бесни и несреќни – се’ само поради тоа.
Ние имаме различни гревови. И не ги оставаме. Само стануваме свесни за гревот и за вината. Се каеме поради нив, но не сакаме да ги оставиме, не сакаме да отстапиме од нив за секогаш. A треба да ги замразиме и проколнуваме, зарем не?
Пренесено од книгата “Старец Сампсон – Поуки и беседи”
М. Д.