„…Иако подвижниците во тоа време престојувале во својата испосница многу повеќе отколку порано, се случувало во текот на летото да посетуваат многу осаменички места и да се подвизуваат во пустината, во средина, која била подобна за безмолвие.
Во една прилика, се упатиле во катизмата на свети Григориј Палама, која се наоѓала над Големата Лавра, каде што се наоѓала една мала црквичка. Сочувано е преданието дека некогаш, самиот светител, наоѓајќи се во околината на Лаврата, живеел токму на тоа место и се предавал на безмолвието.
Кога стигнале подвижниците, веќе било доцна попладне. Сакале да останат една седмица, а можеби и подолго, зашто старецот, токму на тоа место чувствувал големо олеснување.
Навечер, кога се одморале и секој за себе ќе го започнел бдението и молитвата, демоните ќе започнеле да додеваат, а потоа и да викаат:
“Ти нас не’ мачиш! Ти нас не` мачиш! Одете си одовде!”
Овие крикови биле пропратени и co грубо и злобно воздивнување. Овој пат ги чул и отец Арсениј, кој се вџашил и дотрчал кај старецот, кој го смирил и му рекол: „тоа се искушенија.
He само што ги слушам, туку и ги гледам. Биди мирен и тие ќе си заминат. He им се допаѓа ова што го правиме”. Утредента, од манастирот го пратиле шумарот, кој ги предупредил монасите, без никакво противење да го напуштат тоа место.
Отец Арсениј му се обратил на старецот co својата вообичаена простодушност:
„Од каде знаат во Лаврата дека сме ние овде? Зошто ли ни наредуваат да си одиме, кога никого не вознемируваме?”
Старецот му одговорил: „Арсениј, ние не ја вознемиривме Лаврата, туку ги вознемиривме оние, што изминатата ноќ овдека викаа. Затоа што престанаа, видов како се спуштаат во манастирскиот двор и како таму прават гужви. Поради тоа, однапред се сомневав дека не’ очекуваат вакви искушенија. Добро е што ова искушение е толку безначајно!”
Подвижниците повторно се вратиле во својата испосница, посветувајќи се на безмолвието и на молитвата, колку што е можно подолго. Во тоа време, старецот одлучил да проба нешто, што било слично на целосно затворништво.
Само отец Арсениј го послужувал, додека овој воопшто не излегувал од ќелијата. He одел дури ни на Литургија. Единствено на празниците, отец Арсениј одел на оние места, на кои вообичаено отците се собирале.
Еднаш се случило отец Арсениј по повод некој празник да отиде во соседната испосница за да се причести. Старецот тихувал во самотија согласно правилото, кое си го наложил.
„Во текот на целата ноќ”, раскажувал тој, „непрестајно размислував за тоа, како останатите отци ќе се причестат, додека jac, поради моите гревови сум недостоен за таквата благодат.
Седев така и ја одржував молитвата најдобро што можев. Во еден момент застанав и си ги средив своите мисли. Во мене се појави истата мисла и длабока потреба за Лебот на Животот.
Започнав огнена молитва, која всушност беше самоосудување и која според сожалувањето ми личеше на јадосување.
Одненадеж, почувствував нечие присуство. Ги отворив очите (секогаш се молев во темнина, но и покрај тоа, бев навикнат на молитва co затворени очи) и пред себе здогледав еден пресветол ангел – токму онаков, каков што го изобразуваме (во иконописот) во нашата Црква.
Се’ околу мене беше исполнето co светлина, но светлина од некој друг свет. Ангелот во своите раце држеше некаков прекрасен сјаен сад, кој беше co иста големина колку неговата дланка.
Го отвори тој сад, застана на потребното растојание и co голема стравопочит и внимание во устата ми положи честичка од Господовото Тело.
Потоа, ме погледна и само благо се насмевна. Го затвори садот и преку кровот се вознесе таму, од каде и дојде. Bo текот на целиот тој ден, мојот ум беше обземен co ова созерцание. He ни можев да помислам на нешто земно”.
Пренесено од книгата “Старец Јосиф Исихаст”