ОСУДУВАЈ СЕ СЕБЕ СИ И ЌЕ ПРЕСТАНЕШ ДА ГИ ОСУДУВАШ ДРУГИТЕ –

Светиот Схиархимандрит Виталиј (Сидоренко)

…………..

Самиот неосудувајќи никого преку целиот свој живот, отец Виталиј веднаш го пресекувал незадоволството од другите, ако тоа се појавувало кај некој.

Во тоа тој го следел поучувањето на преподобниот Серафим Саровски.

Зошто ги осудуваме своите браќа? – ја пишува тој во својот поменик поуката на светителот, – затоа што не се трудиме себе си да се спознаеме.

Оној што е зафатен со спознавањето на самиот себеси, тој нема кога да ги забележува недостатоците на другите. Осудувај се себеси и ќе престанеш да ги осудуваш другите.“

Се случувало, ако му ракажат за нечија неблаговидна постапка, тој задолжително ќе си приспомнел што добро извршил тој човек или едноставно ќе се помоли:

„Боже, биди милостив кон мене, грешниот.“

“Треба себеси да се осудуваме, обвинуваме и казнуваме, а сите други да ги љубиме и да ги сметаме за ангели“ – учел Батјушката.

Така Батјушката советувал една жена, која никако не можела да се разбере со својата газдарица:

Ти нарекувај ја ’мајка’ и мисли си дека Господ те ставил таму каде што живеат ангели.“

Еднаш кај него дошла гостинка од Таганрог. След трпезата таа станала од масата и си тргнала, а жените почнале да мрморат:

„Види ја ти, каква господарка е. Дури и чиниите не ги прибира откако ќе заврши!“

Тогаш влегува Батјушката и со зборовите:

„Види ја ти, каква господарка е!“ и започнал сам да ги прибира садовите:

„Кај нас дојде самата Божја Мајка, а вие…“

Во секој гостин тој гледал пратеник на Бога.

Другпат отец Виталиј видел дека жените што се наоѓале кај него на послушание, набљудуваат како соседите се исмејуваат, осудувајќи ги за тоа. Батјушката се приближува и вели:

„Што слушате таму? Јас слушам: едниот чита Акатист, а другиот – канон.“

А кога среќавал човек што пуши, велел дека гледал како во неговата уста да има свеќичка. Така им покажувал на своите чеда како треба да ги отсекуваат лошите помисли, претворајќи ги во добри, бидејќи во срцето во кое има место за осудување, не може да има љубов.

Но, отец Виталиј бил особено строг кон оние кои се дрзнувале да го осудуваат свештенството.

Така на една Божја рабина, која паднала во тој грев, тој не и’ разрешил да се причестува и строго ја вразумил:

„Внимавај!

Никогаш не осудувај не само патријарх или епископ, туку и обичен свештеник – ќе дадеш строг одговор за тоа.

За него служи ангел, а ти смееш да осудуваш. Ќе одговараш ли за него?

Мисли во себеси вака: „Јас сум бедна, а тој е светител.“

Самиот отец Виталиј бил пример за тоа како треба да се однсеува христијаниниот кон архиереите, Светејшиот Патријарх и свештенството воопшто.

Тоа било не обично почитување на вишата црковна власт, тоа било стравопочит пред светоста на чинот и истовремено искрена љубов кон нив како носители на Божествената благодат.

За свештениците велел вака:

„Кога служи, свештеникот е подобен на оган. Ако би можел сам да види, би се уплашил – какво дрзновение има.

Местото каде што стоел свештеник за време на служба, треба да се целива. Тоа се осветува од благодатта.“

Една Божја рабина го прашала Батјушката:

– А ако, на пример, гледам дека другите постапуваат лошо, тогаш како да го избегнам осудувањето?

– А што можеш да видиш?

И која си ти за да судиш друг човек?

Господ го трпи, а ти се нафаќаш да го судиш.

Тој потоа ќе се покае и ќе биде на Небесата, а ти ќе отидеш таму (и посочил надолу).

Подобро труди се веднаш да се помолиш за тој човек. Затоа, не обрнувај внимание на ништо што и да станува пред тебе.

Врагот може да си подбие со нас и да ни го покаже тоа, кое во реалноста не се случило, затоа не брзај да си правиш заклучоци.

И тогаш тој привел случаи од житијата на тие светии на кои врагот намерно им се јавувал во образ на монах со неблагопристојно поведение, за да го смути оној што се спасува и потоа да го повлече кон погибел.

Отец Виталиј и самиот се плашел да не би неочекувано смути некој со невнимателен збор или постапка.

На пример, многу години негова заветна желба била да го држи постот од Вознесение Господово до Педесетница, како што некогаш апостолите пребивале во пост во очекување на слегувањето на Светиот Дух врз нив.

Но, во тоа меѓувреме, кај Батјушката задолжително пристигнувале на гости некои свештеници, кои не си го имале наложено тој доброволен пост.

И тогаш на отец Виталиј му се наложувало на заедничката трпеза да јаде блажено заедно со нив, за да не би преку своето воздржување ги укори.

Извор: Животът на Схиархимандрит Виталий

Маран Ата

Претходна статија…ЗАШТО КОГА ПРОСТУВАМЕ, ТОГАШ И НАМ НИ СЕ ПРОСТУВА…(да се потсетиме денес на оваа моќна молитва)
Следна статијаПОСТ НА ДУШАТА, НЕ САМО НА ТЕЛОТО – суштина на христијанското живеење!