КАКО ДА ТЕ НАЈДАМ

Те барав во славата – не Те видов;

Те барав во богатството – не Те сретнав;

Те барав во секоја страст – не Те најдов.

Солзата покајничка ми Те предвести…

Оди накај Крстот – ќе Го видиш ,

распни се на него – ќе Го сретнеш,

искрвави за гревот – ќе Го најдеш…

Ме воведе, сиромав во умот,

а умот во срцето.

Светлино на престолот на Љубовта

– Те пронајдов!

М.Д.

Претходна статијаKAKВИ СЕ` СТРАСТИ НЕ` НАПАЃААТ (Св. Ефрем Сирин – За добродетелите и страстите)
Следна статијаМОНАШТВОТО Е МАЧЕНИШТВО ( Старец Сампсон)