ГОСПОД ЗНАЕ ШТО ТИ Е НАЈПОТРЕБНО
„ЈАС ЖИВЕАМ BO TAKOB ПОДВИГ. СЛОБОДНО КАЖЕТЕ ДЕКА СУМ ЛУД. КАЖЕТЕ ДЕКА ЗА ТОА HE СЕ ЗБОРУВА. ДЕКА ОНОЈ КОЈ СЕ ПОДВИЗУВА HE ЗБОРУВА ЗА ТОА, ТУКУ ЈА ПОВИКУВА БОЖЈАТА БЛАГОДАТ И ТАА МУ ПОМАГА. ДА, НО КОГА НЕКОЈ ЌЕ ПОЛУДИ, ТОЈ ЗБОРУВА. ПОСТОИ И ЛУДОСТ…”
За успешно решавање на сите проблеми Старецот ја препорачуваше молитвата. Ако некој се пожалеше на несоница – Старецот веднаш му го препишуваше лекот: молитва. Излечениот од несоница истовремено стекнуваше и нешто многу повозвишено: научуваше да се моли за сите свои проблеми.
(…) Bo една прилика Старецот ми рече:
„Зошто Бог ни советува непрестајно да се молиме? Да не сака да ползиме пред Hero? He, Бог не го сака тоа. Он сака ние да имаме полза. Оти, кога непрекинато Го славиме, дење-ноќе, co својата слободна волја како ангелите, тогаш нашата душа наоѓа вистински спокој, бидејќи во тоа ја наоѓаме нашата вистинска полза.
(…) Го прашав Старецот: „Што е најдобро да барам во молитвата?”
„Ништо. Бог подобро од тебе знае што ти е најпотребно. Непрекинато изговарај ја Исусовата молитва.”
(…) Еден ден Старецот ми рече:
„Некаде постои електричен агрегат, a во оваа соба има светилка – па сепак, ако не го завртиме прекинувачот, ќе си останеме во мрак.Исто така, постои Христос, a постои и нашата душа – сепак, ако не го свртиме прекинувачот на молитвата, душата нема да ја здогледа светлината Христова и ќе остане во мракот што му припаѓа на ѓаволот.
(…) За многумина коишто не го познаваа поодблизу, Старецот беше „калуѓерот што пронаоѓа вода”. И навистина, што се’, co благодатта Божја, Старецот немаше пронајдено! Факт е дека co точност има пронајдено многу подземни извори и водени текови. Ги откриваше не само посетувајќи го местото, туку и од голема оддалеченост, пренесувајќи ce co духот „под земјата” (Откр. 5, 3).
Еднаш се пренесе co духот „под морето” за да го открие под бродот којшто беше во движење богатството од еден некогаш потонат брод.
Својот чудесен дар на проѕорливост и предвидување Старецот не го користеше за стекнување материјална корист ниту за да остави впечаток, односно да стекне слава.
Тој се определи за тоа да остане сиромав и неугледен подвижник, како и сите светители на Црквата. Целиот живот немаше ништо. Иако беше парох на црквичка во центарот на Атина, го знаеја само мал број луѓе, бидејќи одбегнуваше да се истакнува. Никогаш не ги злоупотребуваше своите благодатни дарови, туку ги користеше заради духовната корист на луѓето и во „слава Божја”.
Еден ден Старецот го посети една Французинка. Остана долго во неговата келија, а кога излезе целата блескаше од радост. Но таа не знаеше ниту збор грчки. Старецот, пак, не знаеше ниту збор француски. Ha кој јазик се разбирале? Можеби на универзалниот јазик на љубовта, којшто Старецот го знаеше во најголема мера. Веројатно е таков јазикот на којшто луѓето ќе разговараат во Рајот.
Го запраша некој Старецот за кого да гласа на претстојните избори. Старецот му одговори сликовито:
„Православната Црква е како квачка: под своите крила ги чува и белите, и црните и жолтите… и пилињата од сите бои”.
Православната Црква не може да се политизира, не може да се стави на страната на некоја партија. Таа сите ги покрива co љубов, не поистоветувајки се co ниту еден политички правец.
Психолошката заплетканост е најдобар материјал за ѓаволот. Тоа е најдобриот темел врз којшто тој си ја врши својата работа. Се користи co нашата тегобност во кризните моменти – во средиштето на нашата најголема болка – се нафрла врз нас co сета cвојa жестина, настојувајќи нашата мака да ја преобрати во богоборство и одбојност кон Бога; и ако е некако можно, да не’ наговори да похулиме на Бога.
А кутриот човек во тие мигови не знае што да прави. Се чувствува како да е заробен во некоја длабока визба co ce’ погуста темнина околу себе. И почнува да лелека и да удира co рацете по ѕидовите, a тоа не е излез. Излезот е да направиш некаква мала пукнатинка за да влезе малку светлинка и да видиш што има наоколу.
Човек треба решително да се спротистави и да ја побара светлината, а не да се предава на очајот и да дозволи да биде однесен од стихијата.
„Знаеш, чедо мое, не сме подготвени тогаш кога бараме од Бога да ни даде нешто, на пример смирение. Кога ќе созрееме, тогаш ќе ни го даде. Само треба очите на душата да ги држиме отворени, за да ја разбереме Неговата намера. Бог се крие во темнината. Од темнинатаа си направи Себеси покрив, живеалиштееалишше за Себе, се вели во еден псалм (Пс.18,11).
Бог се сокрива Себеси за да ни го зачува смирението. Ни помага да правиме добрини, и се сокрива. He закрилува, само што ние тоа не го сфаќаме. Кога некој прави добро, станува едно co Hero и повеќе не може да прави зло. Дури и да сака – не може.
He можеш да се спасиш само ти ако не се спасат и другите. Погрешно е кој и да е a да се моли само за себе, односно за своето спасение. Треба да ги сакаме другите, светот… никој да не биде загубен. Тоа вреди.
Еден човек ми раскажуваше:
„Околу пладне, изморен од работата, одам кaj жена ми дома, и отпочинувам.” Слушаш ли, дете мое, слушаш ли? Оди кај неа… разговараат… и тој е одморен. Оти меѓу нив постоел пламенот на љубовта. Тоа е голема работа.
Имаме ли ние во себеси Божествена љубов кон Христос? Кога ние го правиме тоа: ако сме преморени, преку молитвата да одиме кај Hero за да се одмориме? А ти ми велиш си се изморил од молитвата, од богослужбите: Тука-нешто недостасува. Божјата љубов недостасува.
„Како да ја стекнеме, Старче?”
„Тоа не зависи од нашиот труд!
Таа е дар Божји. Тој прв те засакува ако My ce допаднеме. Нашиот труд и внатрешниот напор можат на нашата душа да и донесат спротивен ефект: одбивност кон се’ што е духовно.
„Па како тогаш Бог ќе не’ засака?”
„За да не’ засака Бог, потребно е нешто друго од наша страна. Да бидеме смирени, скрушени, да љубиме, да се молиме, да Го бараме Бога. He e доволен нашиот труд и грижата околу секојдневните работи…”
Пренесено од списанието ПРЕМИН Број 15-16