АНТИХРИСТОТ Е ВЕЌЕ НА ЗЕМЈАТА…
Доаѓаат многу тешки денови!
Обрнете внимание на својата душа.
Обединувајте се и дајте се во подвиг!
Старец Ефрем излезе од затвореништво.
Нему Господ Му се јави.
Старецот Го молел Господ да го продолжи времето, но, Господ рекол дека антихристот е веќе на земјата и дека се` започнува оваа година. Нашето време се одбројува…
Не` очекува тешка година и опасности за време на престојот на земјата. Разгневениот сатана сака да не` проголта и да не одведе во пеколот. Благочестив е човекот кој ќе се спаси, кој ќе ги избегне неговите `заби` и кој ќе се искачи на Небото.
Од година во година, ситуацијата е се` потешка.
Се` повеќе има грешници и развратници, гревот се умножува.
Ваквата состојба повеќе не може да трае и ќе стигне Судот Господов.
Заради тоа, мора да побрзаме и да им помогнеме на нашите ближни. да ги сакаме и љубиме.
Мораме да им помагаме на нашите блиски, но и на сите наши браќа во Христа, да им помагаме во нивната болка и страдање.
Ние сме сигурно заштитени, ако сме под заштитата на Мајката Божја, а во опасност сме ако живееме во јаремот на постојаниот грев, кој во моментов е во пораст во светот.
Старац Ефрем Филотеjски (Аризона, Мораитис) е духовно чедо на Јосиф Исихаст, кој пишуваше за својот духовен отец во чудесната книга „Мојот живот со старецот Јосиф“
(Трећи Рим)
Преведе Мина Даниловска