ШЕЕСЕТ И ПРВО ПИСМО

О, суетен свету! О, лажлив роду човечки!

Ништо добро нема во тебе!

Мое возљубено чедо, моја светлино, љубов моја Божествена и осветена, се молам да бидеш добро!

Чедо мое, пеперутко моја! Го примив твоето писмо и видов што ми пишуваш во него. Се зарадував, зашто сте добри сите, иако јас не сум добро.

Имаше многу трошоци и лекови, но слабо има здравје. Полека се движам кон онаа Татковина. Овде немаме постојан град (Евр. 13, 14).

Браќата на сите можни начини се трудат да ме повратат, но за жал, јас co забрзани чекори се движам кон гробот. Ќе одам таму и ќе ве чекам вас.

Светлино моја, светлост, моја светлино! Бевме пупки, па станавме цветови, а тогаш паднаа лисјата, зашто ги разнесе ветрот, па не’ заборавија.

Што ни преостана сега? Само она што го направивме и го пративме за во другиот живот. Само тоа ќе остане недопрено. Никој тоа не може да ни го одземе, никој.

Според тоа, светлино моја, се’ што можеме, таму да го скриеме. Ако смртга не’ затекне во овој час, co она што ќе го оставиме, ќе ги зарадуваме другите. Тебе ќе те заборават, како никогаш да не си постоела.

О, суетен светуј О, лажлив роду човечки! Ништо добро нема во тебе! Целосна лага. Целосна измама. He’ залажуваш, не’ исмеваш и се подбиваш co нас пред сите. Ни ги покажуваш годините, задоволствата и доброто здравје, a тогаш одненадеж не затекнува смртта. Сите тие работи се распрснуваат како балони и се кинат, како мрежата на пајакот.

Такви се, чедо мое, насладите на овој свет.

И затоа, прими го воспитново кажување (Псалм 2, 12). Плачи и лелекај, зашто ти многу добро си Го запознала Бога. Моли се и повикувај:

Боже мој, Боже мој! Покажи ја некогаш Твојата светлост на вистинската светлина. Повторно отвори ја Својата небеса и источи, макар една капка од Твојата Божествена благодат. Просветли ги очите на мојата душа и биди милостив кон мене.

Боже мој, Боже мој, Ти Кој го гледаш она, што е сокриено во нашата душа! Заблажи го нашево срце, кое лукавиот го огорчил, па затоа заборавило на Твојата љубов!”

Bo часот додека ти го пишувам ова, мојот оток слезе до папокот. Нашиот свештеник отишол во Дафне, и без мое знаење, преку телефон се договорил co лекар. Го доведе овде, кај мене, велејќи ми дека дошол во посета.

Веднаш штом ме прегледа, ми рече дека имам заболување на срцето, кое е предизвикано од загноените крајници. Ми даде лекови за отоците, а поради крајниците и лекови за зајакнување, слични на оние, кои ми ги прати Јани.

Оваа една посета чинеше илјада и триста драхми! Среќа, што имам духовни чеда во Америка и сите тие ми пишуваат:

„Ти, само чувај го своето здравје и немој нас да не’ оставиш сирачиња, а за другото не се грижи!”

И ми праќаат пари. Втората посета чинеше илјада и шестотини драхми, вклучувајќи ги и лековите.

Тоа е се’. Без разлика дали јас тоа го сакам или не, не ми допуштаат да умрам! Затоа биди трпелива.

Пренесено од книгата “Старец Јосиф Исихаст”

Претходна статијаДИЈАМАНТСКИ ЅИДОВИ ПРЕД ПОРТИТЕ НА РАЈОТ…(Грабнување на умот – Старец Јосиф Исихаст)
Следна статијаБОЖЕ МОЈ КАДЕ СИ? ИСУСЕ МОЈ, ПОМИЛУЈ МЕ !… (Старец Јосиф Исихаст)