11 февруари 1946 г.
Најчесна во Господа!
По Божја милост јас сум здрав; по ручекот околу 3 часот одам да сечам дрва. He ce плашам што при молитвата во тебе нема побожен трепет! Добро и спасоносно е што се присилуваш на молитва! Види, Лествица сл. 28, гл.29.
He замислувај го Бога како многу строг. Тој, напротив, е многу милостив, Тој знае за нашата човечка немоќ. Светите Отци мораме да ги почитуваме co побожен трепет, бидејќи тие се посебни Божји избраници.
Ho, за да не се вознемириме што не можеме да ги имитираме, види во Лествица, во сл. 26, гл. 125. Јас, исто така, сакам Господ да те удостои животот да го продолжиш во манастир. Ќе се молиме и ќе се надеваме дека Тој ќе ја оствари нашата желба. Сега додека живееш co H.H., служи и според 5. заповед. За манастирот наоружај се co трпение и тоа не само co една кола трпение, туку co цел караван!
Неписмените мои писма не ми се допаѓаат.
Јас веќе ти пишав да ги уништиш, а ако од смирение сакаш да ги сочуваш, нека останат кај тебе. Пиши ми, не стеснувај се, секогаш ќе ти одговорам онолку колку што Господ ќе ме измудри.
Понекогаш ме вознемирува мислата:
„Зошто необразованите се допишуваат co образованите?”
Да се надеваме дека, ако даде Бог, јас и ти ќе се видиме. Тогаш ќе поразговараме. Светоотечките списи се наменати за трите степени од духовното совршенство: за децата, за средните и за совршените, a бидејќи jac и ти сме деца, на нас ни е потребна и корисна мека храна, па, ете, оттаму и црпи духовна поука според својата возраст.
Господ нека те измудри! Осознај се и не сакалдисувај се!
+++
19 април 1946 г.
Еве, стапивме во св. Четириесетница. Светата Црква воскликнува:
„Постиме пост пријатен, благоугоден на Господа: вистинскиот пост е оддалечување од зло, воздржување на јазикот, отфрлување на лутината, отсекување на похотта, престанување на озборувањето, лагата и кршење на заклетвата — оскудување од сето тоа, вистинскиот пост е благопријатен”.
Ha Прочка по вечерата имаме одмор од половина час. Bo 7 часот се собраа сите монаси во црквата, го отпеаа Пасхалниот канон, ги прочитаа молитвите пред спиење и им пријдоа на иконите.
Игуменот побара прошка од сите и направи поклон и сите браќа исто така му се поклонија доземи, потоа сите приоѓаа еден кон друг по ред, барајќи прошка, бакнувајќи се во рамо еден co друг.
Можеше само да се чуе:„Бог да опрости! Опрости ми мене грешниот!” Потоа молчешкум отидоа во келиите. Убав обичај, некако убаво делува на душата, па сите се смирија. Целата таа седмица братството не работи, a ce причестува во саботата.
Ви ја честитам св. Четириесетница Бог нека ви помогне да ја минете во христијанско благочестие (побожност) и да го дочекате Светлото Христово Воскресени
(од книгата: „Писмата на Валаамскиот Старец“ – ќе продолжи…)