Христос е Младоженецот на нашата душа. Нашата душа, која е Негова невеста, Го следи во се’. Го следи и во мачеништвото и на Голгота и во распетието, но и во воскресението. Кога ќе достигнеме до таа љубов, тогаш Христос ке се наведне да влезе во нас и ќе ја исполни нашата душа.
Непрестајно да бидете насочени нагоре, кон Христа, да се зближувате со Христос, да работите со Христос, да живеете со Христос, да дишете со Христос, да страдате со Христос, да се радувате со Христос. Христос да биде за вас се’. Вашата душа да Го бара и да Го повикува својот Младоженец: „Кон Тебе, Младоженецу мој, копнеам”.
Христос е Младоженецот, Таткото, Он е се’. Во нашиот живот не постои повозвишено нешто од љубовта кон Христа. Се’ што сакаме е во Него.
Христос е се’.