Придобивки од постот:

За надворешната убавина

– Бојата на очите длабока, жива и сјајна,

– Видот се подобрува, достигнува и до перфекција

– Слухот се изострува, слушате од далечина,

– Гласот се менува, доаѓа до израз неговата боја,

– Зборот е со сила, а сепак полн со љубов и благост.

– Косата расте пребрзо, а влакната се истенчуваат,

– Ноктите на прстите растат побрзо и стануваат појаки,

– Се прочистува целиот организам т.е. органите повеќе не се преплавени

со токсини, се враќаат во нормалната функција.

– Се зголемува физичката кондиција (енергија) и физичките обврски се извршуваат со голема леснотија.

– Сонот е мирен и спиете длабоко. Легнувате и заспивате.

– Лицето е полно со светлина, а вие зрачите и давате светлост.

– Мирот и спокојството на вашето лице стануваат видливи од страна на другите,

– Радост и постојана насмевка лебди на вашето лице,

– Длабочина во очите,

– Грижа за себеси и за другите,

– Се жртвувате за другите т.е. се давате без да барате,

– Ангелски образ,

– Ангелски лик,

– Небесна убавина,

– Сакани сте во друштво, а кога отсуствувате, недостасувате.

– Коректност, љубезност и учтивост.

За внатрешната убавина:

– Контрола над помислите,

– Внимателност над тоа што ќе се каже, вашите зборови се со мудрост од Бога,

– Вашиот збор е кажан во право време, на вистинско место,

– Има едноставност и тежина т.е. слово со сила,

– Способност да ги процените луѓето и во однос на тоа правилно да се поставите, без да ги повредите и без тие да ве повредат со збор или на дело.

– Согледување на сопствените грешки и покајание,

– Нивно исповедање и борба со своите слабости,

– Победа на своите слабости и нивно преобразување во добродетели,

– Контрола над себеси,

– Мудрост, знаење и искуство поголемо за својата возраст т.е. мудрост од Бога.

– Исповед,

– Молитва,

– Верност, лојалност, доверливот, сигурност,

– Полни сте со љубов.

– Ги сакате сите дури дури и тие што се ваши непријатели.

– На злото не вракате со зло.

– Простувате.

Едно добро раѓа друго добро!

Едно зло раѓа друго зло!

Ланецот од добра го прави човекот подобен на ангел, а ланецот од зла го прави подобен на ѓаволот.

Даровите на Светиод Дух неизмерно ќе се излијат врз оние, кои малку ќе се потрудат за својата душа

Господи, колку е убаво да се пости!

Преземено од Марков манастир

https://www.facebook.com/markovmonastery/

 

Претходна статијаХРИСТОС НИЗ НЕА СЕ РОДИ! (Преподобен Јустин Ќелиски, извадок од Собрани беседи)
Следна статијаХРИСТОС СЕ РОДИ!