Само сакам да ве прашам:
Зошто верувате во Исус, како господ или зошто го обожавате???
– Се надевам ако сте свештеник , ја имате прочитано библијата, каде нема ниту една реченица, ниту една каде што Исус вели јас сум Господ или обожавајте ме.
Ако има, јас сум спреман да станам христијанин.
Одговор на отец Горан Стојчевски
Христос вели:
Јас и Отецот, едно сме, а на многу други места, Богојавление, Преображение тоа е посведочено, па во една прилика им вели на учениците, дека право велат за Него дека е Господ.
Затоа редовно, секојдневно да се чита Светото Писмо, особено на Новиот Завет и Псалтирот заедно со Исусовата молитва, но ако не веруваме во Него и во Евангелието, без покајание и надеж за воскресение, никогаш нема да ни биде јасно во што веруваме и во што сме крстени.
Прочитајте тука: