Прашање 49. Која е Првата заповед од првата таблица?

Одговор. Првата заповед од првата таблица или плоча, е оваа: Јас Сум Господ, твојот Бог, Кој те изведе од земјата Египетска, од домот на ропството. Heмој да имаш други богови освен Мене (2 Мој. 20, 2—3).

Прашање 50. Како треба да се разбере оваа заповед?

Одговор. Во оваа прва заповед Господ Бог му дава на човекот познавање за Самиот Себе, за тој да Го знае, оти затоа го создал разумниот човек, тој да Го признава дека е Господ и Создател негов и да Го слави. He отпочнал co создавањето на светот ине рекол:

Јас Сум Бог, Кој го создал светот, туку: Jac Сум Бог твој, Кој те извел од земјата Египетска; заштo тоа бешe за Јудеите многу позгодно законодавството да отпочне co настан нов и чудесен, којшто им беше пред очите нивни, за оттогаш појасно и подобро да го познаат Божјото човекољубие и посрдечно да Го фалат и да My служат само Нему.

А на друго место вака сведочи за Себе:

Јас ја создадов земјата и човекот на неа; Јас, co раката Моја, го утврдив небото; Јас на сите ѕвезди им заповедив.

И малку пред тоа: Јас Сум Господ Бог и нема друг Бог освен Мене (Ис. 45, 12 и 5). Оваа заповед христијаните треба да ја држат повеќе од Јудеите, оти на христијаните им е дадена многу поголема слобода од нашиот Господ и Бог, отколку на Јудеите, како што сведочи Апостолот:

Кој не’ избави од власта на темнината и не’ воведе во царството на Својот возљубен Син, во Кого имаме откуп преку Неговата крв и опростување на гревовите (Кол. 1,13 и 14).

Bo вториот дел од оваа заповед му се забранува на Израилот да му ce поклонува и да му служи на друг бог, освен на Самиот свој Бог. Па така, оваа заповед зборува за внатрешното и срдечното прославување на Бога, кое се раѓа од познавањето на Hero преку разумот човечки.

Прашање 51. Кој греши против оваа заповед и на кој начин?

Одговор.

Против оваа заповед смртно грешат прво сите тие, кои не Го познаваат едниот Бог, според псалмопеачот, кој вели:

Рече безумниот во своето срце нема Бог (Пс. 52,2). Потоа, второ, грешат оние, кои си измислуваат многу богови и им оддаваат слава и поклонување како на вистинскиот Бог, како што чинеле незнабошците.

Трето, против оваа заповед грешат и тие, кои самите себе се предаваат на ѓаволот, како врачарите и оние кои им подражаваат на нивните дела, како и тие, кои при себе носат амајлии и записи.

Четврто, оние, што се придржуваат за празноверието и веруваат во него; исто така и тие, кои при своја болест се ослонуваат на баење од баби и се придржуваат и по други празноверија.

Петто, кои во секое нешто наоѓаат некое претскажување.

Шесто, тие кои не веруваат правилно во едниот Бог пo суштина во Три Лица.

Седмо, тие што се надеваат повеќе во своето знаење, отколку на благодатта и Провидението Божјо или повеќе на својата мудрост и обдареност или на својата храброст и на множеството и големината на своите пријатели.

Осмо, тие што самите себе и привремените имоти и другите предмети ги сакаат повеќе отколку Бога. Кратко речено: против оваа заповед греши тој, кој на било каков начин, освен вистинскиот Бог почитува нешто друго за свој бог и на тоа ја полага сета своја надеж и поткрепа.

Прашање 52. Како треба да мислиме за призивањето на светиите, зашто овде е најзгодно ова прашање да се разгледа?

Одговор.

Ние ги призиваме светите за посредништво кај Бога, да се молат за нас. Но, ги призиваме не како некои богови, туку како Негови блиски, кои My служат и Го слават и Му се клањаат.

Ние имаме потреба од нивната помош, не затоа што тие би можеле да ни помагаат co својата сила, туку затоа што co своето посредништво можат да ни измолат благодат Божја. Зашто, и Светото Писмо не учи да ги молиме светите, уште за време на нивниот живот, да посредуваат кај Бога и да се молат за нас, како што правел апостолот Павле, кој говори:

Браќа, ве молам поради нашиот Господ Исус Христос и поради љубовта на Духот, помагајте ми во своите молитви кон Бога за мене (Рим. 15,30).

И на друго место: Ha Кого (Бога) се надеваме дека и натаму ќе не’ избавува, па co помошта и на вашата молитва за нас многу луѓе да Mу благодарат на Бога за даровите што ни се дадени поради вас (2 Кор. 1,10 и 11).

И пак се молел на Бога за други, како што самиот сведочи, говорејќи:

Секогаш во секоја моја молитва се молам co радост за сите вас (Филип. 1,4). Од овие сведоштва се откриваат овие две вистини: прво, дека светите, додека живеат на земјата, ги молат други те да се молат и да посредуваат за нив кај Бога;

второ, дека и тие се молат и посредуваат за други и тоа не само посебно и лично, туку јавно и во coбир, како што потврдува Светото Писмо, кое говори:

И така, Петар беше пазен во затворот, а црквата постојано My ce молеше на Бога за него (Д. ап. 12,5). Уште повеќе, no смртта, овие свети Му се молат на Бога за нас, оти тогаш во тоа ништо не им пречи.

Штом тие се молат за одмазда на нечистивите, како што говори Светото Писмо: под жртвеникот ги видов душите заклани заради словото Божјо и за сведоштво, што го имаа и викаа co висок глас, велејќи:

‘до кога, Владико, свети и вистинити, нема да судиш и да им се осветуваш за нашата крв на оние, кои живеат на земјата’ (Откр. 6,9. и 10)? тогаш колку повеќе ќе се молат за своите браќа, а особено за тие, кои го бараат нивното застапништво кај Бога, како што учи Светото Писмо, кое говори:

— И дваесет и четирите Старци коишто седеа пред Бога на престолите свои, паднаа ничкум и Му се поклонија на Бога, велејќи: Ти благодариме, Господи Боже Седржителу, Koj си, Кој беше и Кој ќе бидеш, затоа што ја покажа Својата голема сила и царуваш!

И се разгневија народите и дојде Твојот гнев и времето да им се суди на мртвите и да дадеш награда за слугите Твои — на пророците, на светиите и на оние, кои се плашат од името Твое, мали и големи и да ги погубиш губителите на земјата (Откр. 11, 16—18).

Ho, можеби, некој ќе рече: тие (Светиите) не ги знаат и не ги разбираат нашите молитви. Нему ќе му одговориме дека тие, ако самите по себе и не ги знаат и не ги слушаат нашите молитви, ама по откровение и пo божествената благодат, која Бог обилно им ја дарувал, тие и разбираат и слушаат, како што Елисеј знаел, што направил неговиот слуга на патот (4 Цар. 5,26).

Исто така, и сите светии ги знаат и ги слушаат, пo откровението Божјо, сите потреби на тие што ги призиваат. Освен тоа, ги призиваме и ангелите, co своето застапништво да посредуваат за нас кај Бога, оти тие ги приносуваат лред величеството Божјо молитвите и милостините и сите добри дела од луѓето.

А светиите, пo својата смрт се како ангелите и тогаш можат да ги знаат нашите потреби и да ги чујат нашите молитви и да посредуваат за нас.

Од ова се гледа дека ние не грешиме против оваа Божја заповед, кога ги призиваме светиите, како верни слуги што стојат пред величеството Божјо и посредуваат за нас кај единиот вистински Бог.

Оти, ако го презираме посредништвото на светиите, многу ќе го разгневиме Божественото величество, непочитувајќи ги тие чисто што Му служат.

Завршувајќи го учењето на оваа заповед, му оставаме завет на секој православен христијанин, цврсто да се држи за овие две вистини:

прво, дека co призивањето на светите ние не ја нарушуваме ниту ja слабиме силата co значењето на оваа заповед од Десетословието, ниту и’ противречиме на нејзината смисла.

Оти честа што им се оддава на светиите се пренесува преку нив на Божјото величество, на Кого My угодиле светиите co верата и co живот полн co добродетели, каков што живееле.

Затоа, ние ги почитуваме Божјите светии co право, по Светото Писмо, кое говори:

Твоите пријатели, Боже, кај мене се во голема чест (Пс. 138, 17) и просиме преку нив помош од Бога, како што им заповеди Бог на пријателите на Jов за да прибегнат кон тој верен Негов слуга, тој да принесе жртва за нив и да се помоли за нив, та поради него да го прости нивниот грев (Јов. 42,8).

Второ, оваа заповед им забранува на луѓето да и’ се поклонуваат на тварта и неа да ја призиваат. И ние, светите Божји не ги почитуваме со оддавање на божествена чест и поклонување, туку ги молиме како наши браќа и Божји пријатели, да ни испросат, нам на своите браќа, помош од Бога и да посредуваат за нас пред Господа.

Ова не е спротивно на оваа заповед на Десетословието. Зашто, како што Израелците не згрешија, кога го призиваа Мојceja да посредува за нив кај Бога, исто така, и ние не грешиме кога ги молиме светиите за помош и застапништво.

Пренесено од книгата “Православно исповедание на верата на Соборната и Апостолска Источна Црква”

Претходна статијаШто е Покајанието? (За Светата Тајна Покајание)
Следна статијаНема грев што не може да биде простен, освен непокајанието! (Повардарската епархија)