МОЛИТВИ НА СВЕТИ МАКАРИЈ ВЕЛИКИ

Боже вечен, и Цару на секое создание, Ти Кој ме удостои сe` до овој час да бидам жив, прости ми ги гревовите што ги сторив денес со дело, со збор или со помисла; и очисти ја, Господи, смирената душа мојаод секаква скверност плотска и духовна и дај ми, Господи,сонот во оваа ноќ во мир да ми мине, та станувајќи од скромната постела
да му благоугодам на Пресветото Твое Име во сите денови на животот мој и да ги победам телесните и бестелесните непријатели коишто со мене војуваат.

Избави ме, Господи, од суетните помисли што ме сквернат и од желбите лукави; зашто Твое е Царството и силата и славата, на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови.

Амин.

 

Господи, Боже наш, сe` што згрешив во овој ден со збор, со дело или со мисла, прости ми како човекољубив.

Подари ми сон мирен и безметежен; испрати го Твојот Ангел Пазител, кој ќе ме штити и ќе ме засолнува од секое зло.

Зашто Ти Си заштитник на душите и на телата наши, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин.

 

Господи, Боже наш, во Кого веруваме, и Чие Име над секое име го призиваме, дај ни нам, што заминуваме на спиење, одмор на душата и на телото, и зачувај нe од секакво мечтаење и мрачни сласти.

Запри ја навалата на страстите и згасни ги распалените желби телесни.

Дај ни целомудрено да поживееме во делата и во зборовите, та водејќи добродетелен живот, да не отпаднеме од Твоите ветени добра, зашто Си благословен навек.

Aмин.

Претходна статијаШТО ЗНАЧИ ДА СЕ БИДЕ ХРИСТИЈАНИН? (Не почнувај ниту една работа без да се помолиш на Господа Бог)
Следна статијаМОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА