Почитувани!
Моите родители се починати пред околу 6,5 и 6 години!
Оттогаш наваму секој ден се молам за прошка на нивните гревови! Неодамна една пријателка ме поучи дека за покојните треба да се молиме само во саботите….
Моето прашање е дали грешам што се молам секој ден…и дали треба тоа да го исповедам на духовниот отец!
Благодарам
Одговор : Отец Горан
Не грешиш, никако, треба постојано да се молиме, а помените/парастосите обично се во сабота.
Трисагија може да се направи било кога в црква или на гроб, особено за задушница, а во нашите молитви можеме секојдневно да ги споменуваме СИТЕ!