Здраво!
Сакам да прашам дали е во ред да славиме празник (панаѓур), меѓутоа црквата не ни е осветена??
И второ ве молам ако може нешто подетално да ни кажете за славите и “гозбите” што ги правиме во денешно време. Дали се најважни? Како е најправилно да славиме?
.Благодарам
Одгвор на отец Горан:
Не знам за кој точно храм станува збор, но славењето е во Литургијата, кога треба и ние да земеме учество претходно, исповедани, со пост и молитва и благослов за причест, само така светотаински реално празнуваме.
Тоа е најважно, соборот и собирот околу Путирот, а потоа со ум Христов надвор од храмот!