„…- Ha кој начин, – го прашав јас отец Серафим, – да дознаам дека се наоѓам во благодатта на Светиот Дух?

– Toa, Baше Богољубие, е многу просто!

– ми одговори тој, затоа што и Господ вели:

„Се’ им е просто на оние кои стекнуваат ум…”

Нашата несреќа е во тоа дека ние самите не го бараме тој ум Божји, кој не вика, зашто не е од овој свет. Тој ум е исполнет co љубов кон Бога и ближниот, го потпомага секој човек во неговото спасение. За тој ум Господ кажал:

„Господ сака сите да се спасат и да дојдат до познавање на вистината”.

А на своите апостоли за недостатокот на тој ум им рекол:

„He сте ли неразумни и не сте го читале ли Писмото, па не ја разбирате оваа прикаска?”… И пак за истиот овој ум се пишува во Евангелието за апостолите дека „Тогаш им го отвори умот”.

Наоѓајќи се во тој ум, апостолите секогаш гледале дали Духот Божји пребива во нив или не, и, проникнати од него и гледајќи го со пребиванието на Духот Божји, потврдно зборувале дека нивното дело е свето и сосема му е угодно на Бога.

Co тоа и се објаснува она што тие го пишувале во своите посланија:

„Зашто на Светиот Дух и нам ни беше угодно”, и само на таа основа и ги предлагаа своите посланија како неизменлива вистина на полза на сите верни – така Светите апостоли навистина го осознаваа во себе присуството на Духот Божји…

Гледате, ваше Богољубие, колку е тоа просто…

Јас одговорив:

– Сепак, не разбирам како да бидам цврсто убеден дека се наоѓам во Духот Божји.

Kако јас самиот да го распознавам неговото вистинско појавување?

Баќушка отец Серафим одговори:

– Ви кажав веќе, ваше Богољубие, дека тоа е многу просто, и подробно ви раскажав како луѓето пребиваат во Духот Божји и како треба да го разбереме Неговото појавување во нас… Што уште ви треба, баќушка?

– Ми треба, – реков јас, – тоа убаво да го разберам.

Тогаш отец Серафим ме фати прилично цврсто за рамената и ми рече:

– Ние обајцата сега, баќушка, сме заедно во Духот Божји! … А зошто не гледаш во мене?

Jac одговорив:

– He можам, баќушка, да ве гледам, зашто од вашите очи блескаат молњи. Вашето лице стана посветло од сонцето, очите ми прскаат од болка!..

Отец Серафим рече:

– He плашете се, ваше Богољубие! И вие сега станавте исто толку светол колку што сум јас. Вие самите сте сега во полнотата на Духот Божји, инаку не ќе можевте таков да ме видите.

И, приклонувајќи ја кон мене својата глава, тивко на уво ми рече:

– Благодарете му на Бога за искажаната милост кон вас. Видовте, јас дури и не се прекрстив, туку само во срцето мислено му се помолив на Бога и во себе реков:

„Господи! Удостој го jacно и co телесни очи да го види тоа слегување на Духот Твој, co кое ги удостојуваш Своите раби, кога благоволиш да се јавуваш во светлината на великолепната Своја слава!”, и ете, баќушка, Господ веднаш ја исполни смирената молитва на бедниот Серафим… Како да не му благодариме за тој Негов неискажлив дар кон нас обајцата!

Така, баќушка, и на великите пустиници Господ им ја јавува Својата милост. Токму таа благодат благоволи да го утеши вашето скрушено срце, како чедољубива мајка, пo застапништвото на Самата Божја Мајка… Ама зошто не ме гледате в очи? Гледајте и не плашете ce – Господ е co нас!

После тие зборови погледнав во неговото лице и ме обзеде уште поголем благоговеен ужас.

Претставете си во средината на сонцето, во најсилниот блесок на пладневните зраци, лице на човек кој разговара co вас. Го гледате движењето на неговите усни, менувањето на изразот на неговото лице, го слушате неговиот глас, чувствувате дека некој co рацете ве држи за рамена, но не само што не ги гледате неговите раце, не се гледате ни самите себеси, ниту неговата фигура, туку само светлина, туку само една ослепителна светлина. што се простира далеку на неколку сажени во круг и co својата силна светлина ја озарува снежната пелена, што ja покрива полјаната, и снежната прашина, која се сипе на вас и великиот Старец.

Можете ли да си ја претставите таа состојба во која тогаш се наоѓав?

– Како се чувствувате сега? – ме праша отец Серафим.

– Необично добро! – реков јас.

– Ама како добро? Што имено чувствувате?

Јас одговорив:

– Чувствувам толкава тишина и мир во душата, што co никакви зборови не можам да ја изразам!

– Тоа, ваше Богољубие, – рече баќушка отец Серафим, – е оној мир за кој Господ им кажа на учениците Свои:

„Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; jac ви го давам не како што го дава светот. Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето, но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот – затоа светот и ве мрази. He бојте се, зашто Јас го победив светот”.

Ете токму на тие луѓе, кои светот ги мрази, но избрани од Господа, им го дарува Господ својот мир, кој вие сега го чувствувате; „мир”, кој според апостолските зборови, „го надвишува секој ум”.

Така го нарекува апостолот, зашто co никакви зборови не може да се изрази таа душевна благосостојба која тој мир ја предизвикува во оние луѓе, во чии срца Господ Бог го воведува. Христос Спасителот го нарекува мир, кој доаѓа од Неговото сопствено богатство, а не од овој свет, зашто никаква земна благосостојба не може да му го даде на човечкото срце: тој се дарува одозгора од Самиот Господ Бог, за што и се нарекува мир Божји…

– Што уште чувствувате? – ме праша отец Серафим.

– Необична радост во своето срце!

Баќушка отец Серафим тогаш продолжи:

– Кога Духот Божји снисходи кон човекот и го осенува co полнотата на својата вдахновеност, тогаш душата на човекот се преисполнува co неискажлива радост, зашто Духот Божји радоснотвори се’ до кое ќе се допре.

Тоа е онаа радост за која Господ зборува во Своето Евангелие:

„Жена кога раѓа има болки, оти и дошло времето нејзино; но штом ќе го роди детето, од радост не ги помни веќе болките, зашто се родил човек на светот. Во светот ќе имате маки; и радоста ваша никој нема да ви ja одземе”.

Ho колку и да е утешителна таа радост, Koja cera ja чувствувате во своето срце, сепак таа е ништожна во однос на онаа за која Самиот Господ, преку устата на својот апостол, рече:

„Што око не виде, уво не чу, ниту на човека на ум му падна, тоа Бог го приготвил, за оние кои го сакаат”.

Залогот за таа радост ни се дава сега, и ако од него сега ни е толку радосно, убаво и весело во нашите души, тогаш што да се каже за радоста Koja ни е приготвена таму, на небото, нам, кои плачеме, овде, на земјата?!

Еве, и вие, баќушка, сигурно доволно сте поплакале во овој ваш живот на земјата, а видете co каква радост ве утешува Господ уште во овдешниот живот. Сега нас двајцата не чека труд за труд, за да влеземе од сила во сила и да ja достигнеме мерката на возраста на Христовото исполнение, за да дојдат на нас зборовите Господови:

„А оние кои се надеваат на Господа, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат”, ќе минуваат од сила во сила, и ќе им се јави Бог на боговите на Сион…

Тогаш нашата тукашна радост, која ни се открива малку и на кратко, ќе се јави во сета своја полнота, и никој нема да ja одземе од нас, преисполнети co неискажливи небесни наслади…

– Што уште чувствувате, ваше Богољубие?

Јас одговорив:

– Необична топлина!

– Како така топлина? Па, нели, насред шума седиме. Надвор е зима, под нозете ни е снег и одгope сипат снегулки… Каква топлина може да има тука?!

Јас одговорив:

– Таква, каква што има во бањата, кога ќе ја зголемат температурата во печката и кога ќе ja пуштат пареата…

– И мирисот, – ме праша тој, – е таков, како во бањата?

– He,- одговорив Јас,- на земјата нема ништо слично на ова благоухание. Кога уште беше жива мајка ми и јас сакав да танцувам и одев по балови и вечери на танц, тогаш мајка ми ќе ме намирисаше, понекогаш, co некакви парфеми, што ги купуваше во најдобрите модни продавници на Казањ, но и тие мириси не мирисаат така…

Баќушка отец Серафим, пријатно насмевнувајќи се, рече:

– Го знам јас, баќушка, точно тоа што и вие го знаете, но намерно ве прашувам – дали и вие истото го чувствувате?

– Вистина е тоа, ваше Богољубие! Никаква пријатност на некој земен мирис не може да се спореди co ова благоухание, кое ние сега го чувствуваме, зашто сега не’ опкружува благоуханието на Светиот Дух Божји. Што земско може да се спореди co него!..

Забележете, ваше Богољубие, вие тоа ми го рековте, дека околу нас е топло, како во бања, а погледнете, само погледнете, ниту на вас, ниту на мене снегот не се топи, ниту под нашите нозе. Значи, таа топлина не е во воздухот, туку во нас самите.

Токму таа е топлина заради која Светиот Дух преку зборовите на молитвата не тера да се обраќаме кон Бога:

„Co топлината на Светиот Дух согреј ме, Господи!”

Од неа согреаните пустиници не се плашеле од зимскиот мраз, бидејќи биле облечени како во топло крзно, во благодатна одежда, од Светиот Дух исткаена. Така и треба да биде навистина, зашто Божјата благодат треба да биде внатре во нас, во нашето срце, зашто Господ рекол:

„Царството Божјо е во вас”.

Под Царство Божјо Господ ја подразбирал благодатта на Светиот Дух. Ете ceга, тоа Царство Божјо е во нас, а благодатта на Светиот Дух и однадвор не’ осветлува и не’ согрева и, исполнувајки го co најразлични мириси воздухот што не’ опкружува, ги насладува нашите чувства co небесна наслада, напојувајќи го нашето срце co неизглаголива радост. Нашата сегашна состојба е истото она за кое Апостолот зборува:

„Оти царството Божјо не е јадење или пиење, туку правда и мир и радост во Светиот Дух”. Haшатa вера се состои „не во убедливи зборови на човечка мудрост, туку во силата Божја”.

Токму во таа состојба се наоѓаме сега ние двајцата. Токму за таа состојба зборуваше Господ: „Тука стојат некои што нема да вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо, дојдено во сила”.

Гледате, баќушка, ваше Богољубие, co каква неискажлива радост не’ удостои нас сега Господ Бог!.. Ете што значи да се биде во полнотата на Духот Свет, за која Свети Макариј Египетски пишува:

„Самиот бев во полнотата на Духот Свет”. Co таа полнота на Својот Свет Дух и нас, кутрите, не’ исполни сега Господ.., Па, сега, се чини, нема што веќе да се прашува за тоа како луѓето пребиваат во Духот Свет!..

– Ќе го запомните денешното јавување на неискажливата Божја милост, која не’ посети?

– He знам, баќушка, – реков јас, – дали ќе ме удостои Господ засекогаш толку живо и јасно, како што сега ja чувствувам таа милост Божја.

– A jac мислам, – ми одговори отец Серафим, – дека Господ ќе ви помогне засекогаш да
го сочувате тоа во паметот, зашто, во спротивно, неговата благост не би се

приклонила така мигновено кон мојата смирена молитва и не би поитала толку бргу да го послуша кутриот Серафим, уште повеќе што тоа не е дадено само за вие да го разберете, туку преку вас, за целиот свет, за вие самите, утврдувајќи се во Божјото дело, и на другите да им бидете од полза.

Што се однесува до тоа што сум јас монах а вие мирјанин, тука нема што многу да се размислува: за Бога има значение вистинската вера во Hero и Неговиот Син  Единороден. Заради тоа и се дава обилно одозгора благодатта на Духот Свет.

Господ ги сака нашите срца, исполнети co љубов кон Бога и нашиот ближен, – тоа е престолот на кој Он сака да седи и на кој тој се јавува во полнотата на Својата небесна слава.

„Сине Мој, дај Ми го срцето! – вели Он, – а сето друго Јас Сам ќе Ти го дадам”, зашто во човечкото срце може да се смести Царството Божјо.

Господ им заповеда на Своите ученици: „Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда и се’ ова ќе ви се придаде. Зашто вашиот Отец небесен знае дека за сето тоа имате потреба”.

Господ Бог не не’ укорува поради користењето на земските богатства, затоа Самиот вели, дека чим сме поставени во земскиот живот, имаме потреба од сето тоа, односно од се’ што го успокојува нашиот човечки живот и ни го прави удобен и полесен нашиот пат кон небесната татковина.

На тоа се потпирал Светиот апостол Петар кога рекол дека, според негово мислење. нема ништо подобро на светот од благочестивост која е соединета co изобилство. И Светата Црква се моли тоа да ни биде дарувано; и макар што тагите, несреќите и разните потреби се нераздвојни од нашиот живот на земјата, сепак, Господ не сакал и не сака постојано да бидеме во тага и неволји, затоа и ни се заповеда преку апотолите да го носиме бремето еден на друг и co тоа да го исполнуваме Христовиот закон.

Господ Исус лично ни дава заповед да се љубиме еден co друг и, утешувајќи се co таа взаемна љубов, да си го олесниме тажниот и тесен пат на нашето одење кон небесната татковина. За што Он од небесата слезе кај нас, ако не за тоа да ја земе на себе нашата бедност, за да ја обогати co Својата благост и Своите неискажливи богатства.

Он дојде не за да му служат, туку Самиот да им послужи на другите и да ја даде душата Своја за избавување на многумина. Така и вие правете, ваше Богољубие, и откако ја видовте јасно покажаната кон вас милост Божја, кажувајте му го тоа на секој што сака да биде спасен.

Зашто „жетвата е голема, а работници се малку”. Ете и нас Господ не’ извел на работа и ни дал дарови на Својата благодат, за кога ги жнееме класовите на спасението на нашите ближни, приведувајќи ги во голем број во Царството Божјо, да My принесеме плодови: – еден триесет, друг – шеесет, трет пак – сто.

Да се чуваме, баќушка, да не бидеме осудени како мрзеливиот и лукав роб, кој својот талант го закопал в земја, туку да се потрудиме да ги подражуваме благите и верни слуги Божји, кои на Својот господар му принесле едниот, наместо два – четири, другиот, наместо пет – десет. Нема за што да се сомневаме во милосрдноста Божја: вие самите, ваше Богољубие, гледате, како Господовите зборови, кажани преку пророкот, се обвистинија на нас. „Јас не сум Бог од далеку, туку Бог од блиску, и твоето спасение е до устата твоја”.

He успеав јас, бедниот, ни да се прекрстам, туку само што посакав во срцето да ве удостои Господ да ја видите неговата благост во цела нејзина полнота, а Он веднаш на дело побрза да ја исполни мојата желба.

He го кажувам ова за да се фалам и не за да ви го покажам своето значење и да ви предизвикам завист и не за да помислите дека jac сум монах, а вие мирјанин, не, ваше Богољубие, не!

„Господ е блиску до сите кои навистина го повикуваат, и Он не гледа на лицето, зашто Отецот го љуби Синот и се My дава во рацете”, само кога ние самите би го љубеле нашиот Отец небесен co синовска љубов.

Господ исто го слуша и монахот и обичниот христијанин, само и двајцата да се православни и кога и двајцата би го љубеле Бога од длабочината на својата душа и кога и двајцата би имале длабока вера во Hero, макар како „зрно синапово”, обајцата би можеле планини да поместат.

„Еден движи илјада, двајца илјади”. Самиот Господ кажа: „Се’ е можно за оној што верува”, а Светиот апостол Павле гласно воскликнува:

„Се’ можам во Христа, Кој ме укрепува”. Уште поубаво нашиот Господ Исус Христос вели за оние кои веруваат во Hero: „Koj верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши и поголеми од нив ќе врши; зашто Јас си одам при својот Отец. Досега ништо не сте барале во Мое име, барајте и ќе добиете, за да биде радоста ваша полна”.

Та така, ваше Богољубие, што и да посакате од Господа Бога, се’ ќе добиете, само тоа да биде во слава Божја или во полза на ближниот, затоа што и ползата за ближниот Он ja зема како во слава Негова да е направена, зашто вели:

„Доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте ми го направиле”.

Така, да не се сомневате дека Господ нема да исполни некоја од вашите молби, само кога тие би биле во слава Негова или кога би биле во полза и за поука на нашите ближни.

Ho дури и да ви е потребно нешто за ваша сопствена полза или каква било потреба, и тоа дури Господ Бoг ќе благоволи брзо и благопослушно да ви го испрати, само кога би имале крајна неопходност од тоа, зашто Господ ги љуби оние кои го љубат:

„Добар е Господ спрема сите и Неговите штедрости се во сите негови дела” и ќе ја исполни волјата на оние кои се плашат од Hero и ќе ја чуе нивната молитва и ќе ja исполни секоја нивна намера, секоја твоја просба ќе ја исполни Господ.

Само од едно пазете се, ваше Богољубие, да не просите од Бога нешто за што немате крајна потреба. Нема Господ да ви откаже ни за тоа, заради вашата православна вера во Христос Спасителот, зашто нема Господ да го препушти жезолот на праведниот на коцка на грешните и веднаш ќе ја изврши волјата на својот слуга Давид, но сепак, ќе побара од него одговор зошто го тревожел без особена потреба, го молел за нешто, без што можел сосема удобно да помине.

Та така, ваше Богољубие, јас веќе ви кажав се’ и на дело ви покажав тоа што Господ и Мајката Божја преку мене, бедниот Серафим, благоволеа да ви кажам и покажам. Одете си сега во мир. Нека бидат Господ Бог и Мајката Божја co вас, сега, секогаш и во сите векови.

Амин. Одете си во мир!..

За време на цела оваа беседа, од моментот кога лицето на отец Серафим светна, тоа видение не престана, и од почетокот на разговорот за цело време тој ми зборуваше се’ така наоѓајќи се во иста состојба.

Неискажливиот cjaj на светлина, што избиваше од него, јас самиот го видов и готов сум да го потврдам тоа co клетва.

Пренесено од книгата “Преподобен Серафим Саровски во сеќавањата на современиците”

 

Претходна статијаВИЗИЈАТА НА ИСИХАСТОТ за Свети Григoриј Палама!
Следна статија„Колку гревови правиме, а и не ги знаеме!“ (Свети Нифонт, подвижник меѓу епископите)