За време на причеста добиваме благодаттни дарови , потребно е да ги чуваме, строго назирајќи ги покретите на своето срце, на помилсите, на умот и користењето на телесните сетила.

Преподобни Алексеј Сосимовски говореше:

„Плодовите на Светата Причест делуваат само ако не ја навредуваме светињата. Ако ја навредуваме, тогаш таа на самиот ден на причестувањето ќе престане да делува .

А со што ја навредуваме светињата?

Со видот, со слухот и со другите сетила; со многу говорење и осудување.

Затоа на денот на Причеста треба да го воздржуваме најпрвин сетивото за вид и повеќе да молчиме и да го чуваме јазикот во забите.“

Познатиот грчки духовен писател , архимандрит Херувим (+1979) во деновите на младоста некое време живееше на Атон под духовно раководство на еден од Светогорските старци.

Еднаш старецот повика неколку атонски подвижници на празнично богослужење. Сеноќното бдение и литургијата траеја целата ноќ.

Во зората монасите се причестиле. Отец Херувим беше потресен од огнената молитва на праведниците, од горењето на нивниот дух и обилните солзи што течеле од нивните очи.

Штом заврши литургијата, отец Херувим се затрча да свари кафе за учесниците на богослужењето. Но не стигна ниту оганот да го запали, а сите учесници веднаш си заминаа.

Тогаш отец Херувим го запрашал старецот :

„Зошто отците заминаа без да го испијат кафето? “

– Можат ли тие после ова сеноќно бдение да седнат и да пијат кафе?

Тие во себе го примија Христа,  бесценет Бисер и веднаш си заминаа, за во разговорите да не го изгубат тоа што им го подарило сеноќното бдение и Литургијара, – одговори старецот .

Треба да се истакне дека многу атонски подвижници после причестувањето го поминуваат времето во молитвена будност.

Еднаш, после завршувањето на богослужбата , послушниците му предложиле на Старец Гаврил – Пустињак, да легне и да се одмори.

Одговарајќи, старецот рекол:

– Не! Не треба да спиеме после Божествената Литургија и Божествената Причест зашто ги примивме во себе Пречистите Христови Тајни и заедничкиот непријател ѓаволот, не смее да не затекне заспани за да не не искушува, да не го оскрнави нашето тело и душа и да внесува во нас нечисти помисли и штетни желби од кои исчезнува благодатта Божја која што влезе во нас со Божествената Причест.

„Забележано е , – пишуваше Митрополит Венијамин (Федченков) – дека, ако причесникот веднаш после причеста легне да спие (особено после прејадувањето за ручек) , кога ќе се разбуди, не ја чувствува веќе благодатта . Како празникот за него веќе да завршил.

Подобро е тоа време да го поминеме во читање и размислување ; па дури и во лажна прошетка .

А во светот, пак, луѓето може да ги посетат болните, да направат некое добро , или да отидат на гробот кај своите упокоени.

Преподобни Нектарије Оптински ги советуваше своите духовни чеда после причеста да не брзаат да обавуваат било какви работи, туку да си дадат на себе си олеснување барем половина ден, да го читаат Светото Писмо и да пребиваат во молитва и во благодарење на Бога.

Да го воопштиме сето горе наведено.

Значи, како треба да се однесуваме после причестувањето?

1. Треба да пребиваме во размислување за тоа каков страшен во својата величественост ДАР сме добиле.

Треба да Му благодариме за тоа на Господа и да бидеме духовно трезвени , со ништо да не ја повредиме Божествената Благодат која што сме се удодтоиле да ја добиеме во Тајната Евхаристија.

2. Имајќи го во себе Самиот Господ , треба времето после причестувањето да го користиме за продлабочување на нашиот духовен живот, стекнувајќи добродетели и во борба со страстите и гревовните навики.

3. Господ Кој што обвитава во нас, неизмерно ја засилува нашата духовна сила.

Затоа периодот и времето кои што следат после примањето на Светите Дарови е – бесценет!

 

Протоереј Вјачеслав Тулупов

 

Претходна статијаЗнаеме ли како правилно да се исповедаме? (Архмандрит Гаврил)
Следна статијаСкришната соба е телото; вратата – нашите пет сетива – Свети Григориј Палама