Псалм 140

Молитва Бог да не пази

1 ГОСПОДИ, кон Тебе повикав: слушни ме, чуј го гласот на молењето мое, кога повикувам кон Тебе!

2  Нека се исправи пред Тебе молитвата моја како темјан, а воздигањето на рацете мои – како жртва вечерна.

3  Постави, Господи, стража пред устата моја и врата на усните мои;

4  не давај да застрани срцето мое кон зло, да врши грешни дела заедно co луѓето, кои вршат беззаконија; јас нема да се гоштевам од нивните наслади!

Праведниот нека ме казнува, светиот нека ме изобличува, но не давај миро на грешник да ја помаже тавата моја; зашто и молитвата Moja ce противи на нивната злоба.

6 Кога ќе бидат предадени на оние што ќе ги казнат, тогаш ќе сфатат дека моите зборови беа пријатни.

7 Како кога грутка земја ќе падне се растура, така ќе се растурат коските нивни во пеколот.

8  Ho кон Тебе, Господи, Господи, се управени очите мои; во Тебе се надевам, не оставај ме без одбрана!

9  Запази ме од стапиците што ми ги поставија, и од примките на оние што вршат беззаконија.

10  Грешниците нека паднат во своите мрежи, додека јас да поминам.

Пренесено од книгата “Псалтирот”

Претходна статијаПсалм 151 – За борбата на Давид co Голијат!
Следна статијаЗа светоста на Гаврил Светогорецот – Епископот Велички(Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан)