Псалм 151
За борбата на Давид co Голијат
1 БЕВ НАЈМАЛ од браќата свои и најмлад во домот на таткото мој; ги пасев овците на татко ми.
2 Рацете мои направија цитра, прстите мои составија харфа.
3 И кој да го извести мојот Господ? Но самиот Господ, Самиот Тој ме чу.
4 И испрати известител Свој, ме зеде од татковите овци и ме помаза co мирото на Своето помазание.
5 Браќата ми беа добри и големи, но Господ не благоволи да одбере од нив.
6 Излегов јас спроти туѓинецот, и тој ме проколна co своите идоли.
7 Ho jac го извадив мечот негов, го обезглавив и ги спасив од срам синовите Израилски.
По 20-та катизма,
Трисвето. Потоа тропарите, глас 8-ми:
Христе мој, Ти си исполнување на сите добрини, исполни ја мојата душа co радост и веселие, и спаси ме како единствен многумилостив.
Слава: Иако згрешив пред Тебе, Христе Спасителу мој, друг бог освен Тебе не знам; се охрабрувам од Твоето сострадание, прими ме мене, којшто се каам, благоутробен Отче, и Сине Единороден, и Свети Духу, како блудниот син и спаси ме.
И сега: Друго прибежиште и топло застапништво освен тебе не знам; имајќи смелост пред Оној што се роди од тебе, Владичице, помогни ми и спаси ме мене, твојот слуга.
Господи помилуј, 40 пати и молитвата:
Господи Исусе Христе Боже мој, помилуј ме мене грешниот и прости ми мене, недостојниот Твој слуга, се’ што Ти згрешив преку целиот мој живот дури до денес: и ако нешто згрешив како човек, моите волни и неволни прегрешенија, co збор, дело, co ум и мисла, од лакомост и невнимание, и голема мрзливост и невнимание.
Ако се колнев co Твоето име, ако се колнев лажно, или хулев co мисла, или некого укорив, или наклеветив, или навредив, или во нешто разгневив, или украдов, или блудствував, или излажав, или скришно јадев, или пријателот дојде кај мене, а јас го презрев, или братот го натажив и огорчив, или додека стоев на молитва и псалмопение, мојот лукав ум размислуваше за лукави нешта, или, пак, се насладував, или безумно се смеев, или зборував co потсмев, или напразно се фалев, или се гордеев, или видов суетна добрина, и од неа се прелажав, размислував за она што не ми користи; ако нешто од мојата молитва занемарив, или не ги исполнив заповедите на мојот духовен отец, или празнословев, или направив нешто друго лошо; сето ова и повеќе од ова направив, за коешто не се сеќавам.
Помилуј ме, Господи, и прости ми се’, за да заспијам и да се одморам во мир, пеејќи, благословувајќи и славејќи Те Тебе, co Твојот беспочетен Отец, и co пресветиот и благ и животворен Твој Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Пренесено од книгата “Псалтирот”