ГУРУИЗАМ?!

“Гуруизмот е карактеристика, пред сѐ, на тие што деспотски, односно апсолутистички, т.е. како сакаат, си владеат,
користеjќи ги за тоа својата висока позиција и моќ.

Гуруизмот е неминовна последица на отсуството на внатрешното духовно покритие за високиот чин што го носат.

Таквите се препознаваат по нивниот тирански однос кон подредените, како што се:
чести казнувања,
инсистирање и неотстапување од своите грешни одлуки и од својот грешен збор,
постојано предизвикување на поделби, безмилосност, отстранување на оние што ја пореметуваат нивната замислена слава,
барање на апсолутна и бесконечна послушност,
чување на својата висока позиција до смрт,
губење на контакт со реалноста – т.е. карактеристика е на оние што се препознатливи по својата социопатија,
по големата штета што ја прават во заедницата.

Гуруизмот не е карактеристика на оној што бара целосрдечно послушание од своите духовни чеда,
но само до отворањето на срцето за умно-срдечната молитва или само до одредена возраст,
а не и после тоа; не е на оној што ја почитува и им ја дава слободата на луѓето;
не е на оној што одвај чека да се тргне од својата висока позиција.“

– Митрополит Наум

Претходна статијаДедо Наум (на недела 15. по Педесетница)
Следна статијаЗА ИДОЛИТЕ – Свети Атанасиј Велики