6. Братот:
„Ho, оче, Христовите заповеди се многубројни и кој може сите да ги има во својот ум, и да ги извршува сите.
Особено ]ас, човек co ограничен ум?
Затоа, да ми кажеш накратко некое кратко слово и некое не многу сложено правило, извршувајќи го, да можам да се спасам.”
Старецот:
„Брату, иако има многу заповеди, сепак тие се искажани во следниве малку зборови:
,Возљуби Го Господа, Твојот Бог, co сето свое срце, co сета своја душа, co сета своја сила и co сите свои помисли, и својот ближен како себеси’ (Лука 10, 27).
Оној подвижник којшто живее според овие зборови, тој ги извршува сите Господови заповеди. А оној што нема да се откаже, како што реков понапред, од секаква приврзаност кон земното, тој не може вистински да Го љуби ни Бога, нити својот ближен.
Неможно е истовремено да бидеме приврзани кон земното и да Го љубиме Бога.
Токму за ова нѐ учел Господ кога говорел:
,Никој не може да слугува на двајца господари… He можете да им служите на Бога и на Мамона’ (Матеј 6,24; Лука 16,13).
Зашто, доколку умот се прилепува кон работите од овој свет, доколку бива поробуван од нив, тој ги презира Божјите заповеди и ги прекршува без страв.”
7. Братот: „За какво прилепување кон работите на овој свет ми говориш, оче?”