НЕДЕЛА ОД ТРЕТАТА СЕДМИЦА НА СВЕТИОТ ПОСТ

Евангелие според Марко 8, 34-39; 9, 1

34 И кога го повика народот и учениците Свои, им рече: »Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене.

35 Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ја загуби душата своја заради Мене и Евангелието, тој ќе ја спаси.
36Оти каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости?

37 Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?

38 Зашто, кој се срами од Мене и од зборовите Мои во овој прељубодеен и грешен род, и Синот Човечки ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели.«

1 И им рече: »Вистина, ви велам: тука стојат некои, што нема да вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо, дојдено во сила.«

Претходна статијаНЕДЕЛА ОД ЧЕТВРТАТА СЕДМИЦА НА СВЕТИОТ ПОСТ
Следна статијаХерувимска песна (Толкување на Светата Литургија)