НЕДЕЛА ОД ЧЕТВРТАТА СЕДМИЦА НА СВЕТИОТ ПОСТ Евангелие според Марко (9, 17-31) 17 Тогаш еден од народот одговори и рече
»Учителе, го доведов при Тебе сина ми, во кого има нем дух;
18 и секогаш, каде и да го фати, го кутнува, и тој се запенува, и крцка со забите, и се здрвува. И им кажав на учениците Твои да го изгонат, но тие не можеа.
« 19 А Исус одговори и рече:
»О, роде неверен, до кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете го при Мене!« 20 И кога го доведоа кај Него – штом го виде, веднаш духот го стресе; и тој падна наземи и се валкаше запенет.
21 Го праша Исус татка му: »Колку време има откако станува тоа со него?« Тој одговори: »Од детинство;
22 и многупати духот го фрлал во оган, и во вода, за да го погуби; но, ако можеш, смили се над нас и помогни ни!«
23 А Исус му рече: »Ако можеш да поверуваш? Сѐ е можно за оној што верува!«
24 И одеднаш таткото на момчето извика и со солзи рече: »Верувам, Господи, помогни му на моето неверие!«
25 А Исус, штом виде дека се собра многу народ, му забрани на нечистиот дух и му рече: »Дух нем и глув, Јас ти заповедам: излези од него, и не влегувај веќе во него!«
26 И кога извика, силно го стресе и излезе; а момчето беше како мртво – така што мнозина велеа дека умрело.
27 Исус, пак, откако го фати за рака, го исправи; и тоа стана.
28 И кога влезе Исус во една куќа, учениците Негови Го прашаа насамо: »Зошто ние не можевме да го истераме?«
29 Им одговори: »Тој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.
« 30 И кога излегоа оттаму, минеа преку Галилеја; и Он не сакаше некој да разбере.
31 Оти ги учеше учениците Свои и им велеше дека Синот Човечки ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат, и на третиот ден по убивањето ќе воскресне.