СОВРШЕНИТЕ ОТЦИ ПРАВЕЛЕ СЕ СО БОЖЈИ СТРАВ
Што би требало секојдневно да исполнуваш? –
Должен си да го исполнуваш пеењето на псалмите и усмено да се молиш;
неопходно е време и за тоа: да се испитуваш и да ги пазиш своите помисли.
Кој за време на ручекот на трпезата каде што има мноштво разни јадења, ќе јаде многу и со насладување, а кој секојдневно ползува една иста храна, нема да јаде со насладување, можеби понекогаш ќе чувствува и одвратност кон неа.
Тоа се случува и во нашата состојба.
Само совршените можат да се навикнат секојдневно да користат една иста храна без одвратност.
Во пеењето на псалмите и во усмената молитва не се сопнувај, туку прави го тоа онолку колку што ти дава сила Господ; не оставај го ни читањето ни внатрешната молитва.
Малку од едното, малку од другото и така ќе го поминеш денот во угоду-вање на Бога.
Нашите совршени отци немале одредено правило, туку во тек на целиот ден извршувале сопствено правило, го исполнувале пеењето на псалмите, усмено читале молитви, се труделе за храна – малку, но сепак – и сето тоа го правеле со страв Божји, бидејќи е пишано:
„…Или ако нешто друго правите, сето тоа правете го за слава Божја” (I Кор. 10:31)
ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ
ОД ПОУКИТЕ НА СВЕТИТЕ
ВАРСОНУФИЈ ВЕЛИКИ И ЈОВАН