2. Царството небесно ни претстои. Да го придобиеме co исполнувањето на Божјите заповеди.

Да не бидеме сластољубиви, да не бидеме мрзливи;

се повеќе да го зголемуваме нашето откажување од светот и од сѐ што е во светот;

да ги победуваме лукавите духови, сѐ додека не навлеземе во тивкото пристаниште на вечниот живот.

Какво страшно измачување ги очекува мрзливите! Каков гнев и каква јарост оние, и „што упорствуваат и не се покоруваат на вистината”.

Мака и тага на секоја човечка душа, која прави зло!” (Рим. 2, 8-9).

Зашто колку поголема чест ни е дадена, толку поголема чистота на животот се бара од нас.

Од самопринудувањето имаме овде кратковремени тешкотии, но од нив произлегуваат вечните наслади, ако co ова самопринудување придобиеме постојана расположба за правење на секое добро.

Ова се однесува и на исхраната, и на сонот, и на раздразнителноста, и на лошите помисли и на се друго.

– Зашто, ако го засакаме доброто и почнеме да се принудуваме на него, тогаш и Бог ќе ни даде сили да го правиме.

Тогаш патот на добродетелите ќе стане за нас лесен.

Гревот за оние што му се предаваат е исполнет co тешкотии, стрмнини, страдања, мрак, одвратности и опасности.

Дојдете, чеда мои, да појдеме по патот Божји, кој е и тежок и лесен, и тесен и широк.

За време на вашите бдеења бидете добро расположени, добро пејте, молете се добро, имајте љубов спрема браќата и извесна ограничена смелост.

Пренесено од книгата “Добротољубие” том IV, Поученија за монаси

 

Претходна статијаБорба co гордоста – Свети Јован Лествичник
Следна статијаНа Велики Четврток