Борба co гордоста

1. Гордоста е отфрлање на Бога, презирање на луѓето, мајка на осудувањето, рожба на пофалбите, одгонување на Божјата помош, виновник за паѓањето, извор на гневот, строг испитувач на туѓите дела, нечовечен судија, Божја противничка и корен на хулата.

2. Почетокот на гордоста е вкоренување на суетата; средината – понижување на ближниот, бесрамно нагласување на својот труд, самопофалба во срцето, омраза на изобличувањето; крајот – отфрлање на Божјата помош, горделива надеж на своите напори и ѓаволско однесување.

3. Сум видел луѓе што co устата своја My благодарат на Бога, а во мислите свои – се фалат само себеси.

Јасен доказ за ова претставува евангелскиот фарисеј, кој вели: “Боже, Ти благодарам” (Лука 18,11).

4. Таму каде што е направен грев, пред тоа, таму царувала гордоста, зашто гордоста е гласница на пагањето во грев.

5. Горделивиот монах силно противречи, а смирениот не само што не противречи, туку не смее ни очите свои да ги подигне.

6. Кипарисот не се преклонува и не се пружа на земја; така и горделивиот монах не може да има смирена послушност.

7. Ако “Бor ce противи на горделивите” (Јак. 4,6), тогаш кој ќе може горделивиот да го помилува?

– И ако “секој горделив по срце е одвратен пред Господа” (Изрек. 16,5), тогаш кој ќе може да го очисти?

8. Оној што го отфрла изобличувањето, – ја открива страста на горделивоста; a кој го прима – тој се одврзал од веригите на гордоста.

9. Некој мудар старец го советувал својот горделив брат, но тој, заслепен душевно, му рекол:

“Прости ми, оче, но јас воопшто не сум горд”.

Тогаш мудриот старец рекол:

“Па co што друго, синко мој, можеш jacно да докажеш дека си горд, ако не co твојата увереност дека не си горд?”

 

10. За горделивите луѓе многу е покорисно да бидат под послушание, да водат живот груб и да бидат презирани, како и да читаат раскази за погубните последици на гордоста и за натприродните лекарства што ја лекуваат оваа страст.

11. Срамно е да се издигнуваме co туѓи украси и крајна безумност е – да се гордееме co Божјите дарби.

Гордеј се само co оние добродетели, што си ги имал пред твоето раѓање, a оние што ги имаш по твоето раѓање, нив Бог ти ги дарувал; Он ти го подарил дури и самото твое раѓање.

– Ако си извршувал некои добродетели без помошта на умот;

само тие можат да бидат твои, зашто и самиот ум ти е подарен од Бога.

– И ако без твоето тело си покажал некои подвизи, тогаш само тие би можеле да бидат плод на твоите напори, зашто и телото не е твое, – тоа е Божјо создание.

12. He надевај се на твоите добродетели сѐ додека не ја слушнеш последната пресуда на Судијата за тебе, зашто од Светото Евангелие гледаме, дека и на оној што бил на свадбената трпеза му биле врзани рацете и нозете и дека бил фрлен во крајната темнина.

13. Да не престанеме да се самоиспитуваме и да го споредуваме нашиот живот co животот на светите оци и Божјите светила, кои живееле пред нас.

Тогаш ќе видиме дека ние уште еден чекор не сме направиле за да одиме по нив, – да чекориме по животот на овие големи луѓе; ние уште заветот наш не сме го извршиле како што треба, туку уште живееме како што живеат мирските луѓе.

Пренесено од книгата “Добротољубие” том II, Свети Јован Лествичник

Претходна статијаАКАТИСТ НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА – „БРЗОПОСЛУШНИЧКА“
Следна статијаДојдете, чеда мои, да појдеме по патот Божји… (Св.Теодор Студит)