Свештеникот при МПЦ – Охридска Архиепископија, Горан Стојчевски, неретко знае да даде појаснувања на многу дилеми кои се појавуваат меѓу верниците во врска со народните верувања, наспроти вистинското практикување на верата и животот во Христос.

Ви го пренесуваме неговиот последен статус, објавен на Тодорова Сабота, денот кога многумина кои ја испостија првата недела од Великиот пост се причестуваат (најчесто неспремни, без исповед и благослов од духобник) и потоа продолжуваат да јадат месо:

“Причеста не е награда за еднонеделен пост (или повеќенеделен) определен на своја рака заради прочистување, ниту е еликсир за здравје иако мнозина ќе се туркаме во неред за да пристапиме скоро со затворена уста пред Путирот со мисла да не се заразиме од лажичката, но сепак споменете си дека причеста сама по себе не е цел за здравје и среќа нема врска со нашите инстант сфаќања, туку е единство со Оној кон Кого мнозина се повикани, а малкумина се избрани.

Оти, само на малкумината не им грижа ниту за здравје, ниту за среќа, туку да се соединат со Христа преку Причеста и да бидат едно со Него, со сите и со сѐ преку Него.

Но, сепак милоста Негова е безмерна и сите ќе нѐ прими, но ќе им се открие само на оние кои Го бараат повеќе од јадење и пиење.

Наравоучение: не правете ништо на своја рака без исповед и благослов, оти ништо нема да биде од она што сме намислиле дека ќе биде, само ако еднаш годишно правиме нешто пред Бога, и за жал и тоа во своја слава.”

Претходна статијаМодерни верници во пост – не јадат месо, ама ги “јадат” сите околу себе
Следна статијаУМОТ ДОДЕКА Е СТРАСТЕН НЕ МОЖЕ ДА СЕ СОЕДИНИ СО БОГА…За оние што го љубат словото на Св. Григориј Палама