Здраво – покајание,
Ме интересира одговор на едно прашање, па ако сте во можност, молам да ми одговорите.
Доколку жената што почнала да пости, во текот на почетокот на постите разбере дека е бремена, дали треба да продолжи да пости или смее да ги прекине постите?
Фала Ви, поздрав
Одговор на отец Горан:
Доколку жената која забременила има желба и сака и понатаму да пости, може да продолжи да пости се` додека се чувствува здраво.
Доколку лекарите не воочиле некој посериозен физички проблем, постот си е благословен, нема да се одрази на нејзиното здравје и здравјето на детето, оти постот не трае девет месеци.
Но, сепак таа ќе треба да си одлучи со претходен благослов на нејзиниот духовен отец и препораката на докторите.