Дома Пост ПОСНО СО ПРЕЗЛА… (брзо и лесно)

ПОСНО СО ПРЕЗЛА… (брзо и лесно)

0
905

Паштета (макало) од лебни трошки(презла) и нане

4 лажици презла

1 лажица мелени ореви

2 лажици таан

4 лажици суво нане

2 лажици сув магданос

4 чесниња лук

Сол и црн бибер по вкус

6 лажици вода.

Подготовка:

Во длабок сад се ставаат сите овие состојки и се мешаат рачно, со миксер или блендер за да се добие саканата густина, којашто се регулира во зависност од состојбата. Ако е густо со додавање на вода, а ако е ретко со додавање на презла.

Забелешка: Оваа паштета можете да ја правите наместо со нане, со сув копар, мајчина душичка, сув спанаќ или босилек(за готвење).

Доколку сакате поголема количина, состојките ги удвојувате.