Дома Останато Прашања до свештеникот ДОБИВ ВЕСТ, БРЕМЕНА СУМ – ДА ПРЕКИНАМ СО ПОСТЕЊЕ? (На ваши прашања...

ДОБИВ ВЕСТ, БРЕМЕНА СУМ – ДА ПРЕКИНАМ СО ПОСТЕЊЕ? (На ваши прашања одговара отец Горан Стојчевски) (

0
981

 

Здраво – покајание,

Ме интересира одговор на едно прашање, па ако сте во можност, молам да ми одговорите.

Доколку жената што почнала да пости, во текот на почетокот на постите разбере дека е бремена, дали треба да продолжи да пости или смее да ги прекине постите?

Фала Ви, поздрав

Одговор на отец Горан:

 

Доколку жената која забременила има желба и сака и понатаму да пости, може да продолжи да пости се` додека се чувствува здраво.

Доколку лекарите не воочиле некој посериозен физички проблем, постот си е благословен, нема да се одрази на нејзиното здравје и здравјето на детето, оти постот не трае девет месеци.

Но, сепак таа ќе треба да си одлучи со претходен благослов на нејзиниот духовен отец и препораката на докторите.