„Нели се сите тие (ангелите) служителски духови, определени да им служат на оние, што ќе го наследат спасението“ (Евр. 1,14).
…
Свети Архангеле Гаврил,
кој неизречена радост од Небесата на Пречистата Дева И` донесе, исполни го со радост и веселба моето срце, од гордост преогорчено.
О, велики Архангеле Божји Гаврил, ти си И` благовестил на Пречистата Дева Марија за зачнувањето на Божјиот Син.
Извести ме и мене, грешниот, за денот на страшната смрт и помоли Го Господ Бог за мојата грешна душа, да ми ги прости Господ сите мои гревови и да не дозволи злото да ме задржи на страшните митарства.
О, велики Архангеле Гаврил!
Запази ме од секакви неволји и тешки болести, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
О, многуочити Херувими, погледнете го моето безумие, исправете го мојот ум, обновите ја смислата на мојата душа,
да слезе на мене, недостојниот, премудрост небесна, за да не грешам со слово, да го скротам јазикот свој, така што секое мое дело да биде направено за слава на Небесниот Отец!