ЗОШТО НЕ БИВА ДА МУ МИСЛИМЕ ЗЛО НА ДРУГИОТ – Свети Јован Златоуст
(Од 52. беседа на Евангелието од Јован)
Никогаш да не им мислиме зло на другите, сеќавајќи се на тоа дека на тој начин само го остриме мечот што ќе се употреби против нас и си нанесуваме на себе голема штета.
Но, тебе те навредил некој и сакаш да му се одмаздиш?
Не одмаздувај се. Само на тој начин ти навистина ќе бидеш во можност да се одмаздиш.
А ако сам се одмаздуваш, тогаш нема да се одмаздиш.
Немој да мислиш дека ова е само игра на зборови.
Не, ова е вистина. А како тоа?
Еве како: кога не се одмаздуваш самиот, тогаш оставаш Бог да му биде непријател на
тој што те навредува; а кога самиот се одмаздуваш, тогаш тоа веќе го немаш. Одмаздата е Моја. Јас ќе отплатувам – вели Господ (Рим. 12:19).
Ако имаме робови, и ако тие се скараат меѓу себе, но не ни остават нам да ја разрешиме ситуацијата и да казниме кого треба, туку судот си го присвојат за себе, тогаш отпосле и илјада пати да дојдат кај нас, ние не само што нема да се одмаздуваме за нив, туку, напротив, уште и ќе се лутиме на нив и ќе ги нарекуваме неранимајковци и кавгаџии.
Во времето на светиот Златоуст ропството сè уште било реалност.
Сте требале сè, им велиме ние, да ни оставите нам. Ама кога ти самиот веќе си се одмаздил, немој да ми додеваш.
Колку повеќе истово ќе го каже Бог, Кој заповедил сè да Му оставаме Нему.
Па, и нели е срамота што ние од своите робови бараме таква мудрост и послушност, а на Господа не Му го оставаме
тоа што го бараме од своите робови?
Ова го говорам зашто вие сте склони кон тоа да си се одмаздувате еден на друг.
Меѓутоа,
тој што навистина се раководи од мудроста не треба да прави така, туку да простува и да ги остава гревовите, па макар и за тоа да не ја добие онаа голема награда – да му бидат отпуштени неговите гревови.
Ако ти го осудуваш оној што згрешил, тогаш зошто, кажи ми, и самиот грешиш и паѓаш на истата работа?
Те навредил ли некој?
Не навредувај го и ти него, инаку самиот се навредуваш.
Те удрил ли некој? Не му возвраќај исто, инаку меѓувас нема да има разлика.
Те понижил ли некој?
Не понижувај го и ти него, зашто од тоа нема никаква корист, а освен тоа ти пак ќе бидеш ист како него.
Само тогаш кога ќе ја поднесеш навредата спокојно и со кротост ќе можеш да го вразумиш тој
што те навредил, само така ќе го посрамиш и ќе го скротиш неговиот гнев.
Никој злото не го лечи со зло, туку со добро.
Вака размислуваат и некои од незнабошците. А ако таква мудрост може да се најде кај нелогичните незнабошци, тогаш нам треба да ни е срам да бидеме полоши од нив.
Многумина од нив биле навредени и ги поднеле навредите. Многумина биле наклеветени и не се одмаздувале. Се исправале пред налетите и одговарале со добро.
И јас се плашам дека некои од нив покажале дека се над нас според животот и дека преку тоа ја зголемиле нашата казна.
Навистина, ако ние, кои Го добивме незнабошци или пагани – пошироко сфатено: сите оние што не знаат за или не поверувале во вистинскиот и единствен Бог на христијаните.
Зошто не бива да му сакаме зло на другиот .
Духот, го очекуваме Царството, мудруваме за небесните работи, не се плашиме од геената, имаме заповед да бидеме ангели, се ползуваме со Тајните – ако ние не стигнеме дури ни до нивната добродетел, тогаш со што ќе се оправдаме?
Ако ние треба да ги надминуваме јудејците, зашто е речено: ако вашата праведност
не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, вие нема да влезете во царството небесно (Мат. 5:20), тогаш колку повеќе треба да ги надминуваме незнабошците (паганите).
Ако ние треба да ги надминуваме фарисеите, тогаш уште повеќе треба да ги надминуваме – неверните (паганите, а и атеистите).
И ако е за нас затворено царството небесно и во
тој случај кога по живот не ги надминуваме јудејците, тогаш како ќе се удостоиме да го достигнеме кога ќе се покаже дека сме полоши и од паганите (и атеистите)?
Да ја отстраниме од себе секоја раздразливост, секој гнев и секоја лутина. Сè едно исто да ви пишувам, мене не ми здодевно, а за вас тоа е сигурност (Филип. 3:1).
И лекарите неколкупати го употребуваат истиот лек. Така и ние нема да престанеме да ве поттикнуваме на истото, на истото да ве потсетуваме, поучуваме, за истото да ве молиме.
Имаме многу животни грижи, кои можат да направат да се заборавиме, па затоа ни е неопходно и постојано упатување.
А ние со дела да докажеме дека не се собираме овде попусто и бесполезно, па
преку тоа да се удостоиме и за идните блага, по благодатта и човекољубието на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого и праведноста на книжниците и фарисеите – праведност на луѓе кои само формално се држат до побожноста, но не ги развиваат или развиле внатрешните, суштински доблести.
Во Евангелието фарисејството Христос често го користи како синоним за – лицемерието.
со Кого на Отецот со Светиот Дух Му оддаваме слава, сега и
секогаш, и во вековите на вековите. Амин.
Издавач:
списание ПРАВОСЛАВЕН ПАТ