СТАРЕЦ НЕКТАРИЈ ВИТАЛИС
Го прашале еднаш еден мудрец кои очи гледаат подобро: сините, црните или смеѓите.
Тој одговорил:
ЗАВИДЛИВИТЕ!
Очите на завидливиот човек го гледаат и она што е најситно.
Го гледаат дури и она што… не постои.
Само едно не гледаат:
ДОБРОТО!
Ма го гледаат и тоа, но погрешно, затоа што не можат да ја поднесат неговата блескавост…
Завидливите клеветници се како муви, кои не се грижат за целото здраво човечко тело, туку доаѓаат и застануваат на раната.
Оној кој завидува на доблестите и вредноста на другиоти се труди да ја уништи, со тоа покажува дека не ја сака добродетелноста.
Напротив, ја мрази, не може во себеси да поседува складност, префинети чувства, душевна убавина.