КОЛКУ ПОВЕЌЕ ЈА ЉУБИШ, ТАА УШТЕ ПОВЕЌЕ ТЕ ЉУБИ

Нашата Пресвета Богородица, Неговата најслатка Мајчичка, нека биде твоја заштитничка, а ти непрестајно моли се за тоа.

Прегрни ја Нејзината икона како да е жива и натопи ја со своите солзи, како што мироносиците ги натопиле Исусовите нозе.

Оттаму искуствено ќе црпиш утеха, како Таа да е пред тебе.

Нашата Пресвета Богородица секогаш пристигнува секаде и богато го дарува оној кој топло Ја повикува.

Таа посредува за сите нас, бидејќи се удостоила да Го роди Господ, да стане Божја Мајка, Таа Го носи во својата прегратка, и постојано измолува од Него.

А ние грешните, немајќи храброст веднаш да Му пријдеме на Господ, најпрво Ја повикуваме Неговата Мајка.

Таа посредува за нас, Таа ни приоѓа во сите наши неволји.

Таа е Заштитничка и Помошничка, почесна од сите ангели и неспоредливо пославна од херувимите и серафимите, бидејќи по чест е веднаш зад Пресвета Троица.

Таа е мое богатство, толку блага и толку слатка, така што во секој момент сакаш да Ја прегрнеш и да црпиш благодат на утеха.

Колку повеќе Ја љубиш, Таа уште повеќе те љуби.

Старец Јосиф Исихаст

Претходна статијаKолку голем дар Негов е тоа што сме православни!
Следна статијаА, Пресвета Богородица многу го сака Акатистот… (Старец Јосиф Исихаст)