МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Тебе Ти го поверувам мојот живот на заштита и на Тебе после Бога, ја полагам сета надеж на моето спасение, Господарке и Дево Богородице.

Јас Твојот слуга, Ти се молам, не ме презирај мене кој имам многу гревови, но види ја мојата тага и возматеност и подај ми олеснување и утеха, за да не се изгубам потполно.

Испружи ја твојата десна рака, Пречиста, подигни ме од милта на моите злодела и положи ме на чистото пасиште на заповедите на Христа, мојот Цар и Господ, за можам секогаш да дејствувам поткрепен од Него.

Избави ме Госпоѓо, од моите страшни гревови и со своето мајчинско посредување кај Твојот Син и Господ, прати ми покајние на спасение.

Ти Која ја покажа неискажливата Светлина, осветли ја мојата духовна темнина и грешноста која е таму.

Радост моја, избави ме од невидливите непријатели кои ме опкружуваат; затоа што моето мноштво гревови е тешко, моите непријатели се многу жестоки, смртта е  близу, совеста ме обвинува, огнената Геена ме страши, црвот кој не спие, крцкањето со заби, се тресам од страв од крајната темнина на Тартар, зашто тие сакаат да ме земат поради моите зли дела.

Тешко мене! Што ќе правам тогаш, кому ќе прибегнам, за да ми биде спасена душата?

Кон Тебе самата, Преслатка Богородице Маријо, Која ја засладуваш горкоста на смртта за оние кои се надеваат на Тебе и оние кои плачат пред Тебе ги избавуваш од страшната Геена.

Помогни ми, Предобра, затоа што тогаш ќе немам друга помош освен Тебе, Сеопеана.

Спаси ме тогаш од ужасот и свирепоста на демоните во часот на смртта; спаси ме од злобните духови и воздушните митарства по смртта:

Покажи ми го, Те молам, покажи ми го тогаш Твоето најблескаво присуство; Господарке, и не ме напуштај мене беспомошниот, сомилосна Мајко!

Приклони ја милоста кон мене лишениот од милост поради моите дела и моли го Него Кој се воплоти, Христос Нашиот Господ и Спасител, Кој ја излеа пречистата Крв на Крстот, за да можам и јас да примам простување на гревовите и вечно спасение и да го славам Твоето неискажливо сострадание, Богородице, и милосрдното посредување во бесконечните векови.

Амин.

Претходна статијаПОВИК КОН ПОКАЈАНИЕ!
Следна статија ГРИЖА ЗА ДЕТЕТО КОГА РАСТЕ! (Првите 3 години се клучни)